ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Извештај од службата
    Нашата служба 2008 | Март
    • Извештај од службата

      Ноември 2007 — Македонија

      Просек на

      Број на час. сп. п.п. б.с.

      спец. пио. 36 116,9 122,4 51,9 6,6

      општи пио. 141 71,5 76,3 29,4 2,6

      помош. пио. 64 51,5 46,4 16,6 1,4

      собр. обј. 1027 13,5 18,9 5,5 0,5

      ВКУПНО: 1268 Крстени: 0

  • Известувања
    Нашата служба 2008 | Март
    • Известувања

      ◼ Понуда на литература за март: Што навистина учи Библијата? Треба особено да се трудиме да започнеме библиски студии. Април и мај: Стражарска кула и Разбудете се! Треба особено да се трудиме да ги посетиме новозаинтересираните лица кои присуствувале на Спомен-свеченоста или на специјалното предавање, а не се активно поврзани со собранието. Притоа наша цел треба да биде да започнеме библиска студија.

      ◼ Откако ќе стигнат во собранијата најновите броеви од Стражарска кула и Разбудете се!, треба веднаш да се поделат. Тоа ќе им овозможи на објавителите да се запознаат со нивната содржина пред да ги понудат во службата.

      ◼ Некој што е назначен од претседавачкиот надгледник треба да ги прегледа собраниските сметки за декември, јануари и февруари. Не треба еден ист брат да го изврши прегледот двапати по ред. Штом ќе се направи прегледот, треба да се даде известување пред собранието кога ќе се прочита следниот сметководен извештај.

      ◼ Темата за Обласниот конгрес за 2008 год. гласи: „Нека те води Божјиот дух“. Во Нашата служба за Царството од април ќе имаме подетални информации кои ќе ни помогнат да направиме план за да присуствуваме сите три дена на конгресот. Ако треба да побараш слободни денови од работа за да бидеш присутен сите три дена, не одложувај да го сториш тоа.

  • Прашања
    Нашата служба 2008 | Март
    • Прашања

      ◼ Како треба да сме облечени кога посетуваме објекти што се користат за служба на Јехова?

      Салите на Царството, Конгресните сали, Бетелите и подружниците се посебни места посветени на Јехова. Тие се скромни, чисти и убаво уредени, и затоа изгледаат достоинствено. Освен тоа, честопати многу се разликуваат од она што може да се види во Сатановиот свет. Затоа, кога ги посетуваме, треба да биде очигледно дека и ние му припаѓаме на Јехова и дека ја вршиме неговата волја.

      Ние „се препорачуваме како Божји слуги“ во сѐ, што значи и со својата соодветна, уредна облека и со својот изглед (2. Кор. 6:3, 4). Освен тоа, од нас се очекува и нашето однесување да биде достоинствено. Всушност, во секое време нашата облека и изгледот треба да бидат пристојни и достоинствени, како што им доликува на слугите на Јехова Бог. На ова особено треба да внимаваме кога го посетуваме Бетелот и во нашата земја и во странство.

      Во врска со важноста на пристојната облека и изглед, во книгата Организирани за да ја вршиме Јеховината волја пишува дека треба да бидеме чисти, скромно облечени и уредни додека сме во службата на проповедање и кога одиме на собраниските состаноци. А на 139. страница, во 1. пасус пишува: „Сети се, името Бетел значи ‚Божји дом‘. Затоа, кога одиме во Бетел, треба да бидеме облечени, да изгледаме и да се однесуваме како да сме на состанок за обожавање во Салата на Царството“. Овие високи мерила треба да ги почитуваат објавителите што живеат близу до Бетел, како и оние што живеат во подалечни места. Така посетителите ќе покажат соодветно ценење и почит (Пс. 29:2).

      По нашата облека треба да се гледа дека сме луѓе што „го почитуваат Бог“ (1. Тим. 2:10). Со пристојната облека и изглед можеме да им помогнеме на другите да стекнат почит кон вистинската религија. Но, забележано е дека, кога ги посетуваат објектите што се користат за служба на Јехова, некои браќа и сестри се облечени крајно лежерно, неуредно или провокативно. Всушност, христијаните никогаш не треба да бидат така облечени. Во врска со облеката, како и на сите други подрачја од христијанскиот живот, сакаме да се држиме за високите мерила по кои Божјиот народ се разликува од светот, и така да правиме сѐ за Божја слава (Рим. 12:2; 1. Кор. 10:31).

      Затоа, кога планираш да го посетиш Бетелот, без разлика дали во твојата земја или, пак, додека си некаде на одмор, запрашај се: ‚Дали мојата облека и изгледот се скромни, чисти и достоинствени како што е местото што ќе го посетам? Дали поволно ќе се одразат врз Богот на кој му служам? Дали мојот изглед ќе привлече непотребно внимание или ќе им пречи на другите?‘ Сакаме со нашата облека и со изгледот секогаш ‚да го украсуваме во сѐ учењето на нашиот Спасител, Бог‘ (Тит 2:10).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели