ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • „Апостолите и старешините се собраа“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
    • Сила и Јуда му читаат од свиток на собранието во сириска Антиохија.

      ПЕТТИ ДЕЛ • ДЕЛА 15:1-35

      „Апостолите и старешините се собраа“

      (ДЕЛА 15:6)

      Во првиот век се наметнало едно осетливо прашање кое се заканувало да ги наруши мирот и единството на собранието. Од кого барале собранијата упатства и водство за да го решат тоа прашање? Во овој дел ќе видиме како било организирано собранието во првиот век, чиј пример го следи и Божјиот народ денес.

      Еден покраински надгледник држи говор во едно собрание.
  • „Дојде до голема расправа“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
    • УЧЕЊАТА НА ПОБОРНИЦИТЕ ЗА ЗАКОНОТ

      Дури и откако водечкото тело во првиот век донело одлука во врска со прашањето за обрежување, некои поединци што се изјаснувале како христијани не сакале да се помират со тоа. Ваквите лица апостол Павле ги нарекол лажни браќа кои сакале „да ја искриват добрата вест за Христос“ (Гал. 1:7; 2:4; Тит 1:10).

      Овие поборници за Законот очигледно сакале да им угодат на Евреите за да не им се противат толку насилно на христијаните (Гал. 6:12, 13). Тие тврделе дека, за некој да биде праведен во Божји очи, треба да го држи Мојсеевиот закон во поглед на исхраната, обрежувањето, еврејските празници и сл. (Кол. 2:16).

      Разбирливо е што оние кои ги застапувале ваквите ставови се чувствувале не­пријатно во друштво на нееврејските христијани. За жал, слични негативни чувства пројавиле и некои почитувани христијани со еврејско потекло. На пример, кога некои претставници од собранието во Ерусалим дошле во Антиохија, се држеле одвоено од своите браќа кои биле не-Евреи. Се одвоил дури и Петар, кој дотогаш слободно се дружел со нееврејските христијани. Всушност, тој не сакал ни да јаде со нив. Со други зборови, Петар ги погазил истите прин­ци­пи што пред тоа ги бранел! Поради тоа добил строг совет од Павле (Гал. 2:11-14).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели