ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • 13. Прашање: Што вели Библијата за работата?
    Запознај се со Божјата Реч
    • 13. ПРАШАЊЕ

      Што вели Библијата за работата?

      „Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви, нема да стои пред обични луѓе.“

      Изреки 22:29

      Еден човек обработува дрво

      „Кој крадел, повеќе да не краде, туку да работи марливо, правејќи добро со своите раце, за да има да му даде нешто на оној што е во немаштија.“

      Ефешаните 4:28

      „Секој човек да јаде и да пие и да ужива во доброто од сиот свој труд. Тоа е дар Божји.“

      Проповедник 3:13

  • 14. Прашање: Како мудро да си ги организираме финансиите?
    Запознај се со Божјата Реч
    • 14. ПРАШАЊЕ

      Како мудро да си ги организираме финансиите?

      „Кој ја сака веселбата, упаѓа во немаштија; кој ги сака виното и маслото, нема да се збогати.“

      Изреки 21:17

      „Кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот.“

      Изреки 22:7

      „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има со што да ја доврши? Инаку би можело да се случи да го постави темелот, а да не може да ја доврши изградбата, па сите што ќе го видат тоа би почнале да го исмеваат: ‚Овој човек почна да гради, а не може да доврши‘.“

      Лука 14:28-30

      „Кога се наситија, им рече на своите ученици: ‚Соберете ги парчињата што останаа за да не пропадне ништо!‘“

      Јован 6:12

  • 15. Прашање: Како да бидеме среќни?
    Запознај се со Божјата Реч
    • 15. ПРАШАЊЕ

      Како да бидеме среќни?

      Ќеркичката со радост му носи на татко ѝ што му нацртала

      „Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов отколку згоен јунец таму каде што има омраза.“

      Изреки 15:17

      „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш.“

      Исаија 48:17

      „Среќни се оние што настојуваат да ги задоволат своите духовни потреби, зашто нивно е царството небесно.“

      Матеј 5:3

      „Сакај го својот ближен како себеси.“

      Матеј 22:39

      „Како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним.“

      Лука 6:31

      „Среќни се оние што ја слушаат речта Божја и ја држат!“

      Лука 11:28

      „Кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува.“

      Лука 12:15

      „Значи, ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни.“

      1. Тимотеј 6:8

      „Повеќе усреќува давањето отколку примањето.“

      Дела 20:35

  • 16. Прашање: Како да се носиме со грижите?
    Запознај се со Божјата Реч
    • 16. ПРАШАЊЕ

      Како да се носиме со грижите?

      „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој ќе те поткрепи. Никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне.“

      Псалм 55:22

      „Замислите на трудољубивиот сигурно донесуваат корист, а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија.“

      Изреки 21:5

      „Не плаши се, зашто јас сум со тебе! Не свртувај се плашливо, зашто јас сум твојот Бог! Јас ќе те зајакнам и ќе ти помогнам. Ќе те потпрам со мојата праведна десница.“

      Исаија 41:10

      „Кој од вас може со својата загриженост да го продолжи својот животен век макар малку?“

      Матеј 6:27

      „И така, не бидете загрижени за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло.“

      Матеј 6:34

      „[Треба] да процените што е најважно.“

      Филипјаните 1:10

      Мајка се моли со ќерката пред да јадат

      „Не бидете загрижени за ништо, туку во сѐ — со молитви и молби, со благодарење — изнесете му ги своите барања на Бог. И мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашиот ум преку Христос Исус.“

      Филипјаните 4:6, 7

  • 17. Прашање: Кои библиски совети им помагаат на семејствата?
    Запознај се со Божјата Реч
    • 17. ПРАШАЊЕ

      Кои библиски совети им помагаат на семејствата?

      СОПРУЗИ/ТАТКОВЦИ

      „Така и мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела. Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе. Зашто, никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува... Така и секој од вас да ја сака својата жена како самиот себе.“

      Ефешаните 5:28, 29, 33

      „Татковци, не раздразнувајте ги своите деца, туку воспитувајте ги со стега од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување.“

      Ефешаните 6:4

      СОПРУГИ

      „Жената длабоко да го почитува својот маж.“

      Ефешаните 5:33

      „Жени, бидете им подложни на своите мажи, како што прилега во Господарот.“

      Колошаните 3:18

      ДЕЦА

      „Деца, слушајте ги своите родители во Господарот, зашто тоа е праведно. ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ — тоа е првата заповед проследена со ветување: ‚За да ти биде добро и да останеш долго на земјата‘.“

      Ефешаните 6:1-3

      „Деца, слушајте ги своите родители во сѐ, зашто тоа му се допаѓа на Господарот.“

      Колошаните 3:20

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели