‚Живеј според верата, а не според она што го гледаш‘
Кратко пред опсадата и уништувањето на Ерусалим, апостол Павле напишал дека христијаните, како добри војници на Христос, мора да се спремни да страдаат и да не им се најважни личните удобности и задоволства (2. Тим. 2:3, 4). Бидејќи овој безбожен свет е на прагот на една голема неволја, треба да имаме цврста вера за да останеме фокусирани на духовните работи (2. Кор. 4:18; 5:7). Гледај го филмот ‚Живеј според верата, а не според она што го гледаш‘. (Оди на jw.org/mk и кликни на ИЗДАНИЈА > ФИЛМОВИ.) Забележи како претераната приврзаност кон материјалните работи им станала смртоносна замка на Нахам и Авитала. Потоа, разгледај ги следниве прашања:
1) Што беше „гадотијата која... стои на свето место“ во првиот век и кој решителен чекор мораа да го преземат христијаните кои живееја во Ерусалим? (Мат. 24:15, 16). 2) Зошто на христијаните им беше потребна вера за да избегаат од градот? 3) Какви жртви мораа да направат оние што избегаа? 4) Зошто Нахам и Авитала одолговлекуваа? (Мат. 24:17, 18). 5) Со кој друг испит на верата се соочи Рахела кога требаше да замине од Ерусалим? (Мат. 10:34-37; Мар. 10:29, 30). 6) Како Етан покажа вера и доверба во Јехова? 7) Какви проблеми имаа христијаните во Пела? 8) Како верата на Нахам и Авитала постепено им ослабе? 9) Како Јехова се грижеше за христијаните во Пела? (Мат. 6:33; 1. Тим. 6:6-8). 10) Како можеме да се угледаме на Авраам и Сара додека се ближи крајот на овој свет? (Евр. 11:8-10). 11) Како Нахам и Авитала се убедија да се вратат во Ерусалим, и зошто нивното размислување беше погрешно? (Лука 21:21). 12) Што ги чекаше Нахам и Авитала кога стигнаа во Ерусалим? 13) Зошто мораме да си ја зајакнуваме верата сега, пред да дојде крајот на овој свет? (Лука 17:31, 32; 21:34-36).
Да живееме според верата значи 1) да имаме доверба во водството од Јехова, 2) да го следиме неговото водство и 3) да покажеме дека духовните работи ги цениме повеќе од материјалните. Да бидеме решени да живееме според верата, уверени дека „светот поминува и неговата желба, но оној што ја врши Божјата волја, останува засекогаш“ (1. Јов. 2:17).