ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Лојална љубов — како треба да влијае врз нашиот говор
    Стражарска кула 2010 | 15 Август
    • 18, 19. Зошто лојалната љубов треба секогаш да влијае врз нашиот говор кога станува збор за соверниците?

      18 Нашата лојална љубов треба да се гледа во сите наши постапки со другите Јеховини слуги. Дури и во тешки околности, треба да биде очигледно дека таа влијае врз нашиот говор. На Јехова не му било мило кога лојалната љубов во Израел станала „како росата која рано исчезнува“ (Оси. 6:4, 6). Напротив, Тој се радува ако секогаш се трудиме да покажуваме лојална љубов. Како ги благословува оние што ја покажуваат оваа особина?

  • Зошто да бидеме точни?
    Стражарска кула 2010 | 15 Август
    • Зошто да бидеме точни?

      НЕ Е секогаш лесно да бидеме точни, односно да не доцниме. Долгиот пат, густиот сообраќај или, пак, натрупаниот распоред можат да нѐ спречат да стигнуваме навреме. Како и да е, важно е да бидеме точни. На пример, оној што не доцни на работа обично се смета за совесна и одговорна личност. Од друга страна, ако некој доцни на работното место, тоа може да влијае врз работата на другите и врз квалитетот на производите и услугите. Ученикот што доцни може да испушти некој час и, на крајот, доцнењето може лошо да се одрази на неговиот успех. Ако некој доцни на закажаниот термин кај лекар или заболекар, може да се случи да не добие соодветен третман.

      Но, има делови од светот каде што на точноста не ѝ се придава голема важност. Ако тоа е случај и во нашето место, доцнењето лесно може да ни прејде во навика. Затоа, многу е важно да развиеме желба да бидеме точни. Ако сфатиме колку е важна точноста, тоа сигурно може да ни помогне да не доцниме. Зошто треба да бидеме точни? Како можеме да стигнуваме навреме? И каква корист ќе имаме ако сме точни?

      Јехова — Бог што никогаш не доцни

      Најважна причина зошто треба да бидеме точни е тоа што сакаме да се угледаме на Богот кому му служиме (Еф. 5:1). Јехова ни дава извонреден пример за точност.

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели