ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Февруари стр. 1-4
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, февруари 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, февруари 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 5-11 ФЕВРУАРИ
  • 12-18 ФЕВРУАРИ
  • 19-25 ФЕВРУАРИ
  • 26 ФЕВРУАРИ — 4 МАРТ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Февруари стр. 1-4

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

5-11 ФЕВРУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 12-13

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 12:20

фитилот што тлее: Во минатото, како ламба во куќата обично се користел мал земјен сад наполнет со маслиново масло. Ленениот фитил го влечел маслото нагоре и така се одржувал пламенот. Грчкиот израз „фитил што тлее“ можеби укажува на фитил што чади и сѐ уште има жарче, но пламенот само што не згаснал или веќе е згаснат. Пророштвото од Исаија 42:3 претскажало дека Исус ќе имал големо сочувство — тој никогаш немало да ја згасне последната искра надеж на понизните и угнетуваните луѓе.

12-18 ФЕВРУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 14-15

„Преку неколкумина, Исус храни мнозина“

nwtsty белешка за Мт 14:21

не сметајќи ги жените и децата: Во извештајот за ова чудо, само Матеј ги спомнува жените и децата. Во оваа прилика, преку чудо можно е да биле нахранети над 15.000 луѓе.

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 15:7

Лицемери: Грчкиот збор ипокритис првично укажувал на грчките, а подоцна и на римските актери кои носеле големи маски, наменети да се зголеми јачината на гласот. Овој збор почнал да се користи во симболична смисла за некој што ги крие своите вистински намери или карактер така што се преправа и глуми нешто што не е. Исус ги нарекол еврејските верски водачи „лицемери“ (Мт 6:5, 16).

nwtsty белешка за Мт 15:26

децата... кученцата: Бидејќи според Мојсеевиот закон кучињата се сметале за нечисти, во Библијата зборот „кучиња“ често се користи со понижувачка конотација (3Мо 11:27; Мт 7:6; Фп 3:2; От 22:15). Сепак, и во евангелието по Марко (7:27) и во евангелието по Матеј, Исус употребил деминутивна форма на зборот што укажува на „мало куче“ или „домашно куче“, а тоа покажува дека не сакал да понижи некого. Најверојатно Исус ги имал на ум кучињата кои не-Евреите ги чувале како домашни миленичиња и очигледно овој збор будел убави чувства. Со тоа што Израелците ги споредил со „дечиња“, а не-Евреите со „кученца“, Исус сакал да каже дека првенствено бил испратен да им помогне на Евреите. Во семејства каде што имало и деца и кучиња, децата први ќе добиеле храна.

19-25 ФЕВРУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 16-17

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 16:18

ти си Петар. На оваа карпа: На грчки, зборот петрос се однесува на „камен, камена грамада, карпа“ и овде укажува на лично име (Петар) — грчка форма на името што Исус му го дал на Симон (Јвн 1:42). Кога е во женски род (петра), овој збор укажува на „карпа“ и исто така може да се однесува на камен-темелник, гребен или голема карпа. Овој збор се појавува и во Мт 7:24, 25; 27:60; Лк 6:48; 8:6; Ри 9:33; 1Ко 10:4; 1Пе 2:8. Петар очигледно не се сметал себеси за карпата на која Исус ќе го изградел собранието. Во 1Пе 2:4-8 тој напишал дека Исус бил проречениот „аголен камен-темелник“ кој бил избран од Бог. И Павле се осврнал на Исус како на „темел“ и на „духовна карпа“ (1Ко 3:11; 10:4). Очигледно Исус овде употребил игра на зборови и сакал да каже: „Ти, кој си наречен Петар, односно Карпа, го препозна Христос, ’оваа карпа‘, оној врз кого ќе биде изградено христијанското собрание“.

собрание: Овде првпат се спомнува грчкиот збор еклисиа. Изведен е од два грчки збора: ек, што значи „од“, и калио, што значи „повика“. Се однесува на група луѓе собрани заради одредена цел. Во овој контекст, Исус го прорекол формирањето на христијанското собрание што се состои од помазани христијани, кои како „живи камења“ се вградени „во духовен храм“ (1Пе 2:4, 5). Овој грчки израз често се користи во Септуагинтата за хебрејскиот збор кој е преведен со „заедница“, и во голем број од случаите се однесува на Израелците како Божји народ (5Мо 23:3; 31:30). Исто така, христијаните кои се повикани „од темнината“ и се избрани од светот го сочинуваат „Божјето собрание“ (1Пе 2:9; Јвн 15:19; 1Ко 1:2).

nwtsty белешка за Мт 16:19

клучевите на царството небесно: Според Библијата, кога некому ќе му се дадел клуч, било дословно било симболично, со тоа му се доверувала некаква одговорна задача (1Ле 9:26, 27; Иса 22:20-22). Според тоа, зборот „клуч“ може да означува овластување и одговорност. Петар ги употребил „клучевите“ што му биле доверени за да може Евреите (Де 2:22-41), Самарјаните (Де 8:14-17) и другите народи (Де 10:34-38) да добијат свет дух и можност да владеат во небесното Царство.

26 ФЕВРУАРИ — 4 МАРТ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | МАТЕЈ 18-19

„Внимавај да не бидеш камен за спрепнување“

nwtsty белешки за Мт 18:6, 7 фус.

мелнички камен што го врти магаре: Или: „голем мелнички камен“. Буквално: „мелнички камен за магаре“. Еден таков мелнички камен, веројатно со дијаметар од 1,2-1,5 метри, бил толку тежок што било потребно магаре за да го врти.

камењата за спрепнување: Се смета дека грчкиот збор скандалон, преведен со „камен за спрепнување“, првобитно се однесувал на стапица; некои сметаат дека се однесува на делот од стапицата каде што бил закачен мамецот. Овој збор почнал да се користи и за да се укаже на која и да било пречка од која некој би можел да се спрепне или да падне. Во преносна смисла, овој израз укажува на постапка или ситуација поради која некој ќе почне да постапува неисправно, ќе попушти во морален поглед или ќе направи грев. Во Мт 18:8, 9 сродниот глагол скандализо, преведен со „наведува на грев“, може да се преведе и како „стане замка; спрепнува“.

nwtsty слики

Мелнички камен

Мелничките камења се користеле за мелење жито и за правење маслиново масло. Некои камења биле помали и можеле да се вртат рачно, а други биле големи и било потребно животно за таа цел. Самсон бил принуден од страна на Филистејците да врти мелнички камен, и можеби станувало збор за еден ваков голем мелнички камен (Су 16:21). Мелниците што биле вртени од животни се користеле не само во Израел туку и во многу други места во Римското Царство.

Горен и долен мелнички камен

Големите мелнички камења, како овој прикажан на сликата, се вртеле со помош на домашно животно како, на пример, магаре, и се користеле за мелење жито и за гмечење маслинки. Горниот мелнички камен можеби бил со дијаметар и до 1,5 метри и се вртел врз долниот камен кој бил уште поголем.

nwtsty белешка за Мт 18:9

геената: Овој збор потекнува од хебрејскиот израз ге хином што значи „долината на Еном“, која се наоѓала југозападно од древниот Ерусалим. (Види sgd-MC, дел 16, карта „Ерусалим и неговата околина“.) До времето на Исус, оваа долина служела како буниште каде што се горело ѓубрето. Затоа, зборот „геена“ бил соодветен симбол за целосно уништување.

nwtsty белешка за Мт 18:10

го гледаат лицето на мојот Татко: Или: „се во присуство на мојот Татко“. Поради тоа што се во присуство на самиот Бог, само духовните суштества можат да го видат (2Мо 33:20).

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Мт 18:22

седумдесет и седум пати: Буквално: „седумдесет по седум“. Грчкиот израз може да означува или „70 и 7“ (77 пати) или „70 по 7“ (490 пати). Сепак, во Септуагинтата, во 1Мо 4:24, хебрејскиот израз преведен како „седумдесет по седум“, всушност, означува „77 пати“. Затоа е соодветен преводот „седумдесет и седум пати“. Во секој случај, тоа што се повторува бројот 7 укажува на „бесконечност“ или „неограниченост“. Со тоа што му рекол на Петар да прости не 7, туку 77 пати, Исус сакал да ги поучи своите следбеници да не се ограничуваат колку пати ќе простуваат. Спротивно на тоа, вавилонскиот Талмуд во Јома 86б вели: „Ако човек направи престап првиот вториот и третиот пат ќе му се прости а четвртиот пат нема да му се прости“.

nwtsty белешка за Мт 19:7

потврда за развод: Мажот кој размислувал за развод требало да подготви правен документ и најверојатно да зборува со старешините. Со тоа имал време добро да размисли пред да ја донесе таа сериозна одлука. Целта на Законот била да спречи да се носат избрзани одлуки за развод и да им обезбеди на жените одредена законска заштита (5Мо 24:1). Но во времето на Исус, верските водачи овозможиле лесно да се добие развод. Историчарот Јосиф од првиот век, фарисеј кој и самиот бил разведен, изјавил дека разводот бил дозволен „од која и да било причина (а најчесто мажите имаат такви причини)“.

nwtsty слика

Потврда за развод

Оваа потврда за развод, која датира од 71 или 72 год. од н.е., била напишана на арамејски. Пронајдена е на северната страна од Вади Мурабат — суво речно корито во Јудејската Пустина. Во неа пишува дека во шестата година од бунтот на Евреите, Јосиф, син на Наксан, кој живеел во градот Масада се развел од Маријам, ќерка на Јонатан.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели