ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr18 Декември стр. 1-3
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, декември 2018

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, декември 2018
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
  • Поднаслови
  • 3-9 ДЕКЕМВРИ
  • 10-16 ДЕКЕМВРИ
  • 17-23 ДЕКЕМВРИ
  • 24-30 ДЕКЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2018)
mwbr18 Декември стр. 1-3

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

3-9 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 9-11

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Де 10:6

Симон, кожар: Кожарот ја обработувал животинската кожа така што ги отстранувал влакната и остатоците од месо и сало со помош на раствор од вар. Потоа ја потопувал кожата во јак растителен раствор за да може подоцна од неа да се изработуваат кожни предмети. При штавењето на кожата се ширел непријатен мирис, и за тој процес било потребно многу вода, па можеби од таа причина Симон живеел покрај морето, веројатно некаде на крајот од градот Јопа. Според Мојсеевиот закон, секој што бил во допир со животинска мрша бил нечист (3Мо 5:2; 11:39). Поради тоа, повеќето Евреи ги презирале кожарите и ретко кој би останал на гости кај нив. Подоцна, во Талмудот било запишано дека поголема срамота е некој да биде кожар отколку да собира измет од стока. Меѓутоа, Петар не дозволил предрасудите да го спречат да престојува кај Симон. Тоа што во оваа ситуација бил непристрасен и со отворен ум на некој начин го подготвило за неговата следна задача — да појде во куќата на не-Евреин. Некои изучувачи сметаат дека грчкиот збор за „кожар“ (вирсевс) воедно му бил и прекар на Симон.

10-16 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 12-14

Најди духовни бисери

nwtsty белешки за Де 13:9

Савле, кој се викаше и Павле: Од овој момент па натаму, за Савле се користи името Павле. Овој апостол бил Евреин, кој од раѓање бил римски граѓанин (Де 22:27, 28; Фп 3:5). Затоа, веројатно уште како дете ги имал двете имиња — и хебрејското име Савле и римското име Павле. За Евреите во тоа време, особено за оние што живееле надвор од границите на Израел, не било невообичаено да имаат по две имиња (Де 12:12; 13:1). Некои од роднините на Павле, покрај своето еврејско име, имале и римско или грчко име (Ри 16:7, 21). Како „апостол испратен кај другите народи“, Павле имал задача да им ја објави добрата вест на не-Евреите (Ри 11:13). Очигледно, поради тоа решил да го користи своето римско име — можеби сметал дека така луѓето од другите народи подобро ќе го прифатат (Де 9:15; Га 2:7, 8). Некои велат дека тој го зел римското име во чест на Сергиј Павле, но тешко дека навистина било така бидејќи Павле го задржал ова име и откако си заминал од Кипар. Други, пак, сметаат дека Павле избегнувал да го користи своето хебрејско име, бидејќи грчкиот изговор звучел слично на еден грчки збор кој се користел за човек (или животно) што се перчи додека оди.

Павле: Во македонскиот превод на Христијанските грчки списи, името Павле (кое на латински е Паулус и значи „мал, ситен“) се појавува 167 пати. Притоа, 166 пати е употребено за апостол Павле, а еднаш за Сергиј Павле, проконзулот на Кипар (Де 13:7).

17-23 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 15-16

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Де 16:37

римски граѓани: Освен Павле, очигледно и Сила бил римски граѓанин. Според римскиот закон, секој граѓанин имал право на законско судење и никогаш не смеел да биде јавно казнет без претходно да биде осуден. Оној што бил римски граѓанин имал одредени права и привилегии низ целото Римско Царство. За него важел римскиот закон, а не законите на градовите кои биле под римска власт. Ако бил обвинет за нешто, можел да прифати да му се суди според локалниот закон, но сепак го задржувал правото неговиот случај да се изнесе пред римски суд. Доколку бил осуден на смртна казна, можел да се жали кај императорот. Апостол Павле проповедал по целото Римско Царство. Тој ги искористил правата што ги имал како римски граѓанин во најмалку три прилики. Првата е во овој извештај, кога на градските управители во Филипи им рекол дека ги прекршиле неговите права со тоа што наредиле да го истепаат со стапови. Другите два случаи се забележани во Де 22:25 и 25:11.

it-1-Е стр. 273

Во градот Филипи, Павле го истепале со стапови. Но, тој го искористил ова против оние што го прогонувале, и со помош на законот успеал да го одбрани правото да се проповеда добрата вест. Градските управители наредиле Павле да биде јавно истепан и да биде фрлен в затвор. Но, кога дознале дека има римско граѓанство, многу се уплашиле, бидејќи не само што истепале римски граѓанин туку тоа го направиле пред воопшто да му се суди. Освен тоа, Павле и Сила биле јавно претставени како злосторници. Затоа, кога градските управители му наредиле на затворскиот чувар да ги ослободи, Павле рекол: „Јавно нѐ истепаа неосудени, нас кои сме римски граѓани, и нѐ фрлија в затвор. Зарем сега тајно да нѐ исфрлат? Никако, туку самите нека дојдат и нека нѐ изведат!“ Управителите требало лично да дојдат и да си ја признаат грешката. Извештајот продолжува: „Тогаш службениците им ги јавија овие зборови на градските управители. А тие се уплашија кога чуја дека се римски граѓани. Затоа дојдоа да ги смират, па ги изведоа и ги замолија да си одат од градот“ (Де 16:22-40). Со таа постапка, управителите јавно покажале дека Павле и Сила не направиле ништо лошо, и било потврдено дека со проповедањето не се крши ниту еден закон. Павле постапил така бидејќи сакал да даде свој придонес во „законското потврдување на правото да се проповеда добрата вест“ (Фп 1:7).

24-30 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ДЕЛА 17-18

„Следи го примерот на апостол Павле кога проповедаш и поучуваш“

nwtsty белешки за Де 17:2, 3

расправаше: Кога ја проповедал добрата вест, Павле им го објаснувал на луѓето она што го кажувал и им изнесувал докази на темел на Писмата, односно Хебрејските списи. Тој правел повеќе отколку само да им прочита некои стихови — расправал на темел на нив, односно ги поттикнувал луѓето да размислуваат, а додека го правел тоа го земал предвид начинот на кој тие резонираат. Грчкиот глагол диалегоме се преведува со „разменување мисли; комуницирање; дискутирање“ и укажува на комуникација меѓу луѓе. Истиот грчки збор е употребен и во Де 17:17; 18:4, 19; 19:8, 9; 20:7, 9.

докажувајќи со она што е напишано: Грчкиот збор буквално значи „да се стави едно покрај друго“. Ова би можело да значи дека Павле внимателно ги споредувал пророштвата за Месијата запишани во Хебрејските списи со некои случки од животот на Исус, и притоа им објаснувал на другите како Исус ги исполнил тие пророштва.

nwtsty белешка за Де 17:17

плоштадот: Атинскиот плоштад (грчки: агора) се наоѓал северозападно од Акрополот и зафаќал површина од околу пет хектари. Таму луѓето можеле да купуваат и да продаваат, но воедно тој бил и средиште на економскиот, политичкиот и културниот живот во Атина. Атињаните со задоволство се собирале на плоштадот, кој бил центар на јавниот живот, и учествувале во интелектуални дискусии.

nwtsty белешка за Де 17:22, 23

На непознатиот Бог: Грчките зборови Агности теи биле дел од натписот на еден жртвеник во Атина. Бидејќи имале страв од боговите, Атињаните изградиле многу храмови и жртвеници. Тие дури граделе жртвеници во чест на апстрактни божества како, на пример, Славата, Скромноста, Силата, Убедувањето и Сожалувањето. Можеби од страв да не пропуштат некој бог, и со тоа да го навлечат неговиот гнев, тие направиле еден жртвеник и му го посветиле „на непознатиот Бог“. Со тоа, всушност, покажале дека постои Бог за кого не знаат ништо. Павле на многу вешт начин им проповедал на своите слушатели така што почнал да им зборува за тој жртвеник, а потоа го насочил разговорот кон Богот кој дотогаш им бил непознат — вистинскиот Бог.

Најди духовни бисери

nwtsty белешка за Де 18:21

ако биде Јеховина волја: Овој израз нагласува колку е важно да ја земаме во обѕир Божјата волја кога нешто правиме или планираме да правиме. Апостол Павле бил длабоко свесен за ова начело (1Ко 4:19; 16:7; Ев 6:3). Слично на тоа, во своето писмо ученикот Јаков ги поттикнал христијаните да велат: „Ако Јехова сака, ќе живееме и ќе го направиме ова или она“ (Јк 4:15). Но, таквите изрази не треба да бидат само празни зборови. Секој кој искрено вели „ако биде Јеховина волја“ треба и да се труди да постапува во склад со Јеховината волја (Де 21:14). Ваквиот израз не мора секогаш да се кажува на глас, доволно е човек да го има таквиот став во срцето. Во врска со тоа како се користи името Јехова во Христијанските грчки списи, види во sgd дел 2.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели