ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Распоред за седмицата од 25 март
    Нашата служба 2013 | Март
    • Распоред за седмицата од 25 март

      СЕДМИЦА ОД 25 МАРТ

      Песна 76 и молитва

      □ Собраниско проучување на Библијата:

      jr погл. 7, пас. 1-6 (30 мин.)

      □ Теократска школа за служба:

      Читање на Библијата: Лука 4-6 (10 мин.)

      Бр. 1: Лука 4:22-39 (4 мин. или помалку)

      Бр. 2: Од каде потекнуваат различните раси? (rs-SB стр. 311, пас. 1-4) (5 мин.)

      Бр. 3: Какви докази има дека Исус навистина воскреснал? (1. Кор. 15:3-7) (5 мин.)

      □ Состанок за нашата служба:

      Песна 111

      5 мин.: Започни библиска студија првата сабота. На темел на предлогот на 8. страница, нека има приказ во кој ќе се види како би можеле да започнеме библиска студија првата сабота во април. Поттикни ги сите да учествуваат.

      25 мин.: „Како да ја користиме Добра вест од Бог!“ Прашања и одговори. Кога ќе го обработувате 6. пасус, нека има два приказа.

      Песна 97 и молитва

  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба 2013 | Март
    • 3. Во што се разликува оваа брошура од другите публикации наменети за проучување на Библијата?

      3 Како изгледа брошурата: Многу од публикациите што ги користиме за да проучуваме со луѓето се напишани така што оној што ги чита може сам да ја разбере вистината, дури и без ничија помош. Оваа публикација е поинаква. Таа е направена да се проучува Библијата со помош на Јеховин сведок. Затоа, кога ќе ја понудиш некому, најдобро е заедно да прочитате и да разгледате еден до два пасуса. Бидејќи пасусите се кратки можат да се разгледаат дури и на врата или на работното место. Убаво е да се почне со лекција 1, но можеме да почнеме и со која било лекција од брошурата.

      4. Како брошурата ни помага да ги поучуваме луѓето директно од Библијата?

      4 Во повеќето наши публикации, одговорите на отпечатените прашања можат да се најдат во самите пасуси. Но, во оваа брошура одговорите главно можат да се најдат во Библијата. Повеќето луѓе повеќе сакаат да учат директно од Библијата отколку од нашите публикации. Затоа, скоро ниту еден од наведените стихови не е цитиран. Тие треба да се прочитаат директно од Библијата. Тоа ќе им помогне на заинтересираните да сфатат дека она што го учат е од Бог (Иса. 54:13).

      5. Зошто е важно добро да се подготвиме пред да одиме да проучуваме?

      5 Во брошурата не се објаснети сите стихови. Зошто? Затоа што таа е направена да го поттикне заинтересираното лице да поставува прашања, а нам ни помага да станеме повешти учители. Затоа, многу е важно добро да се подготвиме пред да одиме да проучуваме. Но, внимавај: Немој да зборуваш премногу. Точно е дека ние сакаме да ги објаснуваме библиските стихови. Но, честопати можеме повеќе да постигнеме ако го замолиме интересентот да ни каже како тој го сфаќа стихот. Со тоа што тактично ќе поставуваме прашања, можеме да му помогнеме сам да го разбере значењето на секој стих (Дела 17:2).

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели