ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. МОЈСЕЕВА 40-41
Јехова го избавил Јосиф
Јосиф бил роб и затвореник, и страдал околу 13 години пред Јехова да го избави. Но, наместо да стане огорчен, тој дозволил она што му се случило да го пречисти (Пс 105:17-19). Јосиф бил свесен дека Јехова никогаш не го напуштил. Како го правел најдоброто што можел во тие тешки околности?
Јосиф бил трудољубив и покажал дека е достоен за доверба. Затоа Јехова го благословил (1Мо 39:21, 22).
Тој се интересирал за другите наместо да размислува како да им се одмазди на оние што постапиле сурово со него (1Мо 40:5-7).
Како она што му се случило на Јосиф ми помага да ги издржам моите неволји?
Сѐ додека Јехова не ме избави во Армагедон, како можам најдобро да ги искористам моите околности?