ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr20 Ноември стр. 1-4
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември 2020

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, ноември 2020
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
  • Поднаслови
  • 2-8 НОЕМВРИ
  • 16-22 НОЕМВРИ
  • 23-29 НОЕМВРИ
  • 30 НОЕМВРИ — 6 ДЕКЕМВРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2020)
mwbr20 Ноември стр. 1-4

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

2-8 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 2. МОЈСЕЕВА 39-40

it-2-E 884 пас. 3

Фокина кожа

Од каде Израелците ги набавувале фокините кожи. Ако зборот тачаш кој се користи во Библијата укажува на еден вид фоки, тогаш се појавува прашањето од каде можеби Израелците ги набавувале фокините кожи. Фоките главно живеат на Арктикот и Антартикот, но некои фоки живеат и во потоплите предели. Денес во дел од Средоземното Море, како и во други потопли води, сѐ уште живее еден вид фоки наречен фока-мечка. Низ вековите нивниот број значително се намалил поради човечкиот фактор. Но во библиски времиња, во Средоземното Море и во Црвеното Море овие фоки ги имало во голем број. Во англиското издание на еден библиски прирачник од 1832 год., го пишува следново: „На многу од малите острови во Црвеното Море кои се наоѓаат околу Синајскиот Полуостров има фоки“ (Calmet’s Dictionary of the Holy Bible, стр. 139).

16-22 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 4-5

Најди духовни бисери

it-1-E 1130 пас. 2

Светост

Животни и земјоделски производи. Првородените машки од крупната стока, овците и козите Јехова ги сметал за свети и затоа не смееле да се откупуваат. Тие требало да бидат принесени како жртва, а дел од нив оделе за свештениците (4Мо 18:17-19). И првините и десеттините биле свети, како што биле и сите жртви и сите дарови што се давале за службата во светиот шатор (2Мо 28:38). На сето она што било свето во Јеховини очи требало да се гледа сериозно и не требало да се користи за секојдневни, обични работи. Пример за ова е законот во врска со десеттините. Ако некој човек издвоел дел што сакал да го даде како десеттина, да речеме од неговото жито, а потоа тој или некој од неговото семејство ненамерно зел од тоа жито за готвење, на пример, тогаш човекот бил виновен за прекршување на законот во врска со светите работи. Законот налагал во светилиштето да донесе надоместок за тоа и да додаде уште петтина од вредноста. Освен тоа, требало да донесе и овен без недостаток како жртва. Од ова гледаме дека требало да се покажува голема почит за светите работи што му припаѓале на Јехова (3Мо 5:14-16).

23-29 НОЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 6-7

Најди духовни бисери

it-1-E 833 пас. 1

Оган

Кога се однесува на огнот во светиот шатор и во храмот. Огнот се користел во службата за Јехова што се вршела во светиот шатор, а подоцна и во храмот. Секој ден, наутро и приквечер, првосвештеникот требало да го пали темјанот на кадилниот жртвеник (2Мо 30:7, 8). Со Божјиот закон било пропишано огнот на жртвеникот за жртви паленици постојано да гори (3Мо 6:12, 13). Евреите до ден-денес веруваат дека во почетокот Бог преку чудо го запалил огнот на жртвеникот, но тоа не е никаде поткрепено во Библијата. Во почетокот, кога Јехова му ги дал упатствата на Мојсеј му рекол синовите на Арон да запалат оган на жртвеникот и во огнот да стават дрва пред да ја стават жртвата на жртвеникот (3Мо 1:7, 8). Дури откако Арон и неговите синови биле поставени за свештеници и откако биле принесени жртвите за нивната служба, оган од Јехова, кој веројатно излегол од облакот над светиот шатор, ја изгорел жртвата што била на жртвеникот. Имајќи го ова предвид, тој оган што се појавил со чудо не ги запалил дрвата на жртвеникот туку ги изгорел „жртвата паленица и мрсните делови на жртвеникот“. Огнот што потоа продолжил да гори на жртвеникот веројатно бил комбинација од огнот што дошол од Бог и огнот што веќе горел на жртвеникот (3Мо 8:14 — 9:24). Слично на тоа, оган од Јехова преку чудо ги изгорел жртвите веднаш по молитвата на Соломон при посветувањето на храмот (2Ле 7:1). За други случаи кога Јехова преку чудо користел оган за да ги прифати жртвите што неговите слуги ги принесувале, види во Су 6:21; 1Ца 18:21-39; 1Ле 21:26.

si-SB 27 пас. 15

Библиска книга број 3 — 3. Мојсеева

15 (3) Жртвата за грев се принесувала кога некој ќе направел грев несакајќи, односно ненамерно. Какво животно ќе се принесело како жртва, зависело од тоа кој го направил гревот — дали некој свештеник, народот како целина, некој поглавар или некој од обичниот народ. За разлика од доброволните жртви паленици и жртви на заедништвото кои ги принесувале поединци, жртвата за грев била задолжителна (4:1-35; 6:24-30).

30 НОЕМВРИ — 6 ДЕКЕМВРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 3. МОЈСЕЕВА 8-9

„Доказ за Јеховиниот благослов“

it-1-E 1207

Поставување на свештеничка служба

Мојсеј ги измил Арон и неговите синови Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар (или им рекол да се измијат) во мијалникот од бакар кој се наоѓал во дворот, и потоа му ја облекол на Арон прекрасната првосвештеничка облека (4Мо 3:2, 3). Таа прекрасна облека што ја добил Арон покажувала што се очекувало од него како првосвештеник — и во поглед на особините и во поглед на одговорностите. Потоа Мојсеј го помазал светиот шатор, сите негови делови и приборот и кадилниот жртвеник, како и мијалникот и приборот поврзан со нив. Ова ги посветило, ги издвоило за посебната служба за Бог која требало да ја вршат оттогаш. На крајот, Мојсеј го помазал Арон истурајќи му масло врз глава (3Мо 8:6-12; 2Мо 30:22-33; Пс 133:2).

it-1-E 1208 пас. 8

Поставување на свештеничка служба

На осмиот ден откако била воспоставена свештеничката служба, свештениците за првпат (без помош од Мојсеј) извршиле обред за очистување на израелскиот народ. Ова било потребно и поради нивната вродена грешност, но и затоа што, кратко пред тоа, покажале непослушност кога го направиле златното теле, поради што Јехова се разгневил (3Мо 9:1-7; 2Мо 32:1-10). На крајот од овој обред, Јехова покажал дека е задоволен со свештениците и дека ги одобрува, така што со чудо пуштил оган, најверојатно од столбот од облак кој бил над светиот шатор, и ја изгорел жртвата на жртвеникот (3Мо 9:23, 24).

Најди духовни бисери

it-2-E 437, пас. 3

Мојсеј

Бог го поставил Мојсеј за посредник на сојузот на Законот со Израел, посебна положба што ниту еден друг човек ја немал пред Бог освен Исус Христос, Посредникот на новиот сојуз. Со крвта од животинските жртви, Мојсеј ја попрскал книгата на сојузот (сојузот што Јехова го склучил со својот народ). Потоа, Мојсеј ја зел книгата на сојузот и ја прочитал пред народот. А народот рекол: „Сѐ што рекол Јехова ќе правиме и ќе послушаме“ (2Мо 24:3-8; Ев 9:19). Како посредник, Мојсеј имал чест да ја надгледува изработката на светиот шатор и на приборот што се користел во него, според упатствата што му ги дал Бог. Исто така, имал чест да ја воспостави свештеничката служба помазувајќи ги светиот шатор и Арон како првосвештеник со масло направено од посебни состојки. Потоа, ги надгледувал првите обреди што ги извршиле новопоставените свештеници (2Мо, погл. 25-29; 3Мо, погл. 8, 9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели