Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
3-9 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 4. МОЈСЕЕВА 27 — 29
Духовни бисери
it-2-E 528, пас. 5
Жртви
Жртви налевници. Жртвите налевници се принесувале заедно со повеќето од другите жртви, особено откако Израелците се населиле во Ветената земја (4Мо 15:2, 5, 8-10). Ваквите жртви биле вино (опоен пијалак) кое се излевало врз жртвеникот (4Мо 28:7, 14; спореди со 2Мо 30:9; 4Мо 15:10). Апостол Павле им напишал на христијаните во Филипи: „И да се излевам како жртва налевница врз вашата жртва и врз службата што ја вршите поттикнати од верата, се веселам и се радувам со сите вас“. Тој го употребил изразот „жртва налевница“ во симболична смисла, укажувајќи на својата спремност да се жртвува за браќата и сестрите (Фп 2:17). Кратко пред да умре, Павле му пишал на Тимотеј: „Јас веќе се излевам како жртва налевница и се приближи времето на моето ослободување“ (2Ти 4:6).
17-23 МАЈ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 4. МОЈСЕЕВА 32 — 33
Духовни бисери
it-1-E 359, пас. 2
Граница
Откако со ждрепката ќе се утврдела географската локација на племето, требало да се одреди колкава ќе биде површината на земјиштето според вториот фактор, големината на племето. Во 4. Мојсеева 33:54 пишува: „Со ждрепка разделете ја земјата во наследство по своите семејства. На побројното семејство зголемете му го наследството, а на помалото намалете му го наследството. Каде кому ќе му се падне ждрепката, тоа нека биде негово“. Иако одлуката што била донесена преку ждрепка важела, сепак можеле да се прават промени во големината на наследството (ИсН 19:9).
7-13 ЈУНИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 5. МОЈСЕЕВА 3 — 4
„Јеховините закони се мудри и праведни“
it-2-E 1140, пас. 5
Разбирање
Оној што длабоко ја проучува Божјата Реч и постапува во склад со заповедите запишани во неа може да биде поразборит од своите учители и од постарите лица (Пс 119:99, 100, 130; спореди со Лк 2:46, 47). Тоа е така бидејќи Божјите закони и одредби се извор на мудрост и разборитост; затоа, доколку Израелците верно се држеле за нив, околните народи ќе ги сметале за „мудар и разборит народ“ (5Мо 4:5-8; Пс 111:7, 8, 10; спореди со 1Ца 2:3). Разборитиот човек сфаќа дека Божјите закони се непроменливи, се преиспитува за да види дали постапува во склад со нив и притоа го моли Бог за помош (Пс 119:169). Тој дозволува Божјите зборови да навлезат длабоко во него (Мт 13:19-23), ги врежува во своето срце (Из 3:3-6; 7:1-4) и почнува да го мрази „секој крив пат“ (Пс 119:104). Кога бил на Земјата, Божјиот Син покажал таква разборитост. Тој дури прифатил да умре на маченички столб со цел да се исполни она што било проречено во Писмата, дека ќе умре на таков начин (Мт 26:51-54).