Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
6-12 СЕПТЕМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 5. МОЈСЕЕВА 33 — 34
„Барај засолниште во ’вечните раце‘ на Јехова“
it-2-E 51
Есурун
Почесно име за Израел. Во грчката Септуагинта „Есурун“ е израз кој означува наклоност и се преведува со „сакан“. Името „Есурун“ требало да ги потсетува Израелците дека се народ кој е во сојуз со Јехова и дека затоа се обврзани да се држат за неговите праведни мерила (5Мо 33:5, 26; Иса 44:2). Во 5. Мојсеева 32:15 името Есурун се користи во иронична смисла. Наместо да живее во склад со своето име Есурун, Израел станал непокорен, го оставил својот Создател и го презрел својот Спасител.
4-10 ОКТОМВРИ
ДАЈ СЀ ОД СЕБЕ ВО СЛУЖБАТА | ИСУС НАВИН 8 — 9
Што можеме да научиме од сојузот кој Исус Навин го склучил со Гаваонците?
it-1-E 520
Сојуз
Договор помеѓу две или повеќе лица со кој се обврзуваат дека ќе прават нешто или, пак, дека нема да прават; спогодба; согласност.
it-1-E 525, пас. 1
Други сојузи. Сојузот што Исус Навин и поглаварите на Израел го склучиле со жителите на градот Гаваон, поради кој Гаваонците останале живи. Иако овој народ исто како и другите ханаански народи бил проколнат и Израелците требало да го уништат, сепак сојузот што бил склучен се сметал за толку сериозен што Израелците биле обврзани да ги остават Гаваонците живи. Но, проклетството сѐ уште важело и затоа им било одредено да сечат дрва и да носат вода за израелскиот народ (ИсН 9:15, 16, 23-27).
18-24 ОКТОМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСУС НАВИН 12 — 14
Духовни бисери
it-1-E 902-903
Гевал
Јехова ја вклучил „земјата на Гевалците“ во териториите кои Израелците допрва требало да ги освојат во времето на Исус Навин (ИсН 13:1-5). Критичарите сметаат дека е грешка тоа што оваа земја е спомната во овој извештај затоа што градот Гевал се наоѓал на север далеку од Израел (околу 100 километри северно од Дан) и по сѐ изгледа Израелците никогаш не ја освоиле оваа земја. Некои изучувачи сметаат дека местото на кое се наоѓа овој стих во хебрејскиот текст можеби е оштетено и дека, всушност, тука пишувало „земјата која граничи со Ливан“ или „сѐ до границата на Гевалците“. Сепак, треба да се забележи и дека ветувањата кои Јехова ги дал во Исус Навин 13:2-7 биле условни. Според тоа, Израелците можеби никогаш не ја освоиле земјата на Гевалците заради својата непослушност (Спореди со ИсН 23:12, 13).
25-31 ОКТОМВРИ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | ИСУС НАВИН 15 — 17
„Заштити го твоето скапоцено наследство“
it-1-E 402, пас. 3
Ханаан
Точно е дека Ханаанците имале многу добра воена опрема, како на пример бојни коли со железни сечила, и дека на крај Израелците не успеале да освојат некои од териториите. Сепак, тоа не значи дека неуспехот на Израелците бил неуспех на Јехова и дека тој не успеал да го исполни своето ветување (ИсН 17:16-18; Су 4:13). Наместо тоа, извештајот покажува дека неколкуте порази што ги доживеале Израелците се должеле на нивната непослушност (4Мо 14:44, 45; ИсН 7:1-12).