ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • mwbr22 Јануари стр. 1-2
  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јануари — февруари 2022

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Превод на референци кои ги нема на македонски, јануари — февруари 2022
  • Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2022)
  • Поднаслови
  • 10-16 ЈАНУАРИ
  • 21-27 ФЕВРУАРИ
Нашиот живот и служба – работни листови — Превод на референци кои ги нема на македонски (2022)
mwbr22 Јануари стр. 1-2

Нашиот живот и служба — работни листови

Превод на референци кои ги нема на македонски

10-16 ЈАНУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | СУДИИТЕ 17 — 19

„Непослушноста кон Божјите закони води до проблеми“

it-2-E 390-391

Миха

Еден човек од Ефрем. Прекршувајќи ја осмата од Десетте заповеди (2Мо 20:15), Миха зел 1.100 сребреници од својата мајка. Кога ѝ признал што направил и ѝ ги вратил сребрениците, таа рекла: „На Јехова ќе му го посветам среброто од својата рака за својот син, за да се направи режан лик и излеана статуа. Затоа сега ти го враќам“. Тогаш таа зела 200 сребреници и ги однела кај еден сребрар, а тој направил „режан лик и излеана статуа“, кои потоа биле ставени во куќата на Миха. Миха, кој имал „куќа за богови“, направил свештенички ефод и домашни идоли и овластил еден од своите синови да му служи како свештеник. Иако наводно го направил ова за да го слави Јехова, тоа било голема грешка, бидејќи ја прекршил заповедта со која се забранувало идолопоклонство (2Мо 20:4-6) и покажал непочитување кон Јеховиниот свет шатор и свештенството (Су 17:1-6; 5Мо 12:1-14). Подоцна, во својот дом Миха го примил младиот левит Јонатан, кој бил потомок на Гирсом, синот на Мојсеј, и го овластил да му служи како свештеник (Су 18:4, 30). Бидејќи имал погрешен впечаток дека постапил исправно, Миха рекол: „Сега знам дека Јехова ќе ми направи добро“ (Су 17:7-13). Но, Јонатан не бил од лозата на Арон и затоа дури не ни можел да служи како свештеник, со што гревот на Миха станал уште поголем (4Мо 3:10).

it-2-E 391, пас. 2

Миха

Миха и луѓето што живееле близу до неговата куќа тргнале во потера по луѓето од племето на Дан. Кога ги стигнале, луѓето од Дан го прашале Миха зошто тргнал по нив, а тој им одговорил: „Ми ги зедовте боговите што си ги направив и свештеникот, и си заминавте. А што ми остана мене?“ Тогаш синовите на Дан му се заканиле на Миха дека ќе ги нападнат ако тој продолжи да ги следи и да се буни. Миха видел дека луѓето на Дан се посилни од неговата група, и затоа се вратил дома (Су 18:22-26). Потоа луѓето на Дан го нападнале и го запалиле градот Лаиш, а на негово место го изградиле градот Дан. Јонатан и неговите синови им станале свештеници на луѓето од племето на Дан, а режаниот лик што го направил Миха стоел „меѓу нив за сето време додека домот на вистинскиот Бог“, односно светиот шатор, бил во Сило (Су 18:27-31).

21-27 ФЕВРУАРИ

ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. САМОИЛОВА 6 — 8

„Кој е твојот цар?“

it-2-E 163, пас. 1

Луѓето побарале цар. Околу 400 години откако излегле од Египет и преку 800 години откако Бог склучил сојуз со Авраам, Израелците побарале да имаат цар кој ќе ги води, исто како што другите народи имале свои владетели. Со нивното барање тие го отфрлиле Јехова, кој царувал над нив (1Са 8:4-8). Точно е дека луѓето имале право да очекуваат Бог да воспостави царство, во склад со ветувањето што претходно им го дал на Авраам и на Јаков. Дополнителна основа за таквата надеж им дале и следниве работи: пророштвото во врска со Јуда кое Јаков го кажал на смртна постела (1Мо 49:8-10), зборовите што Јехова им ги кажал на Израелците откако излегле од Египет (2Мо 19:3-6), некои од одредбите во сојузот на Законот (5Мо 17:14, 15), па дури и дел од пораката што Бог го принудил пророкот Валаам да ја изрече (4Мо 24:2-7, 17). И Ана, мајката на Самоил, ја изразила таа надеж во молитва (1Са 2:7-10). Сепак, Јехова сѐ уште ја немал откриено во целост „светата тајна“ во врска со Царството и со ништо не укажал во кое време ќе биде воспоставено ниту, пак, кажал каква ќе биде таа влада — дали ќе биде на небото или на Земјата. Затоа, било дрско од страна на луѓето да бараат над нив да владее човек како цар.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели