Нашиот живот и служба — работни листови
Превод на референци кои ги нема на македонски
28 МАРТ — 3 АПРИЛ
ОД РИЗНИЦАТА НА БОЖЈАТА РЕЧ | 1. САМОИЛОВА 18 — 19
Духовни бисери
it-2-E 695-696
Пророк
Иако луѓето биле поставувани за пророци преку Јеховиниот дух, тоа не значи дека тие постојано објавувале вдахновени пораки. Наместо тоа, Божјиот дух доаѓал на нив во одредени прилики и им ги откривал пораките што требало да ги објават (Езе 11:4, 5; Мх 3:8). Тоа имало големо влијание врз нив и ги поттикнувало да зборуваат (1Са 10:10; Ере 20:9; Ам 3:8). Освен што правеле несекојдневни работи, без сомнение, и со нивниот начин на зборување пренесувале силни чувства кои не биле вообичаени. Ова можеби до некоја мера објаснува во која смисла некои поединци се однесувале како пророци (1Са 10:6-11; 19:20-24; Ере 29:24-32; спореди со Де 2:4, 12-17; 6:15; 7:55). Тие биле потполно сконцентрирани на својата задача и ја извршувале толку ревносно и храбро што нивното однесување им изгледало чудно на другите, па дури и неразумно — како што било случај со пророкот кој го помазал Јуј пред другите воени заповедници. Сепак, кога дознале дека тој човек е пророк, заповедниците сериозно ја сфатиле неговата порака (2Ца 9:1-13; спореди со Де 26:24, 25). Додека бил во потера по Давид, Саул „паднал во пророчки занес“, односно почнал да се однесува како пророк. Тој си ја соблекол облеката и цел ден и цела ноќ лежел скудно облечен — што очигледно му овозможило на Давид да избега (1Са 19:18 — 20:1). Ова не значи дека пророците често оделе скудно облечени, бидејќи Библијата ни го кажува спротивното. Во неа се запишани други два случаи во кои пророците немале облека на себе, но тоа било заради одредена цел — да пренесат некој аспект на пророштвото што го објавувале (Иса 20:2-4; Мх 1:8-11). Библијата не ни кажува зошто Саул бил без облека. Можеби тоа било за Јехова да покаже дека Саул е обичен човек, на кој му е одземена царската облека, и дека е немоќен пред Неговата царска власт и моќ.