Како да извлечеш најголема корист од овој библиски курс
Најпрво разгледај го овој краток преглед на книгата, а потоа пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.
ПРВ ДЕЛ
За да се подготвиш за секоја лекција, прочитај го првиот дел од лекцијата. Прашањата во боја (А) и библиските стихови со масни букви (Б) ги истакнуваат главните мисли. Забележи дека некои стихови се означени со „прочитај“.
СРЕДЕН ДЕЛ
Воведните зборови од ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ (В) објаснуваат што ќе биде разгледано во тој дел. Поднасловите (Г) ги истакнуваат главните мисли. Заедно со оној со кого ја проучуваш Библијата, прочитај ги библиските стихови, одговори на прашањата и гледај ги видеоклиповите.
АУДИО и ВИДЕОМАТЕРИЈАЛИТЕ даваат подлабок увид во темата која се обработува. Понекогаш се прикажани вистински настани, а понекогаш замислени, но реални ситуации.
Обрни внимание на сликите и на текстот под нив (Д), а потоа размисли како би одговорил на она што стои во рамката НЕКОИ ВЕЛАТ (Ѓ).
ПОСЛЕДЕН ДЕЛ
Лекцијата завршува со ШТО НАУЧИ и со КАКО БИ ОДГОВОРИЛ (Е). Запиши го датумот кога ќе ја завршиш лекцијата. Во рамката ЦЕЛ (Ж) се наведени некои цели на кои можеш да работиш. Рамката ИСТРАЖУВАЈ (З) содржи дополнителни информации кои можеш да ги читаш или да ги гледаш.
Како да ги најдеш библиските стихови
Библијата е составена од 66 помали книги. Поделена е на два дела: Хебрејско-арамејски списи („Стар завет“) и Христијански грчки списи („Нов завет“).
Кога е наведен некој библиски стих, тој е означен со библиска книга (А)‚ поглавје (Б) и стих или стихови (В).
На пример, Јован 17:3 укажува на книгата Јован, поглавје 17, стих 3.