ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w00 1/2 стр. 32
  • Како Јехова ќе се сети на тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како Јехова ќе се сети на тебе?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
w00 1/2 стр. 32

Како Јехова ќе се сети на тебе?

„СПОМНИ ме [Сети се на, NW] мене, Боже мој.“ Неемија неколкупати се молел со овие зборови (Неемија 5:19; 13:14, 31). Кога луѓето се наоѓаат во теснец, сосема природно е да се обратат кон Бог со вакви изрази на преколнување.

Но, што имаат луѓето на ум кога бараат Бог да се сети на нив? Јасно, се надеваат дека Бог ќе стори повеќе отколку само да се сети на нивните имиња. Несомнено се надеваат на истото она на кое се надевал и еден од злосторниците кои биле погубени покрај Исус. Тој, за разлика од другиот, го преколнувал Исус: „Сети се на мене, Господи, кога ќе дојдеш во царството Свое!“ Тој сакал Исус не само да се сети кој бил тој, туку и да стори нешто за него — да го воскресне (Лука 23:42).

Во склад со тоа, Библијата покажува дека за Бог „сеќавањето“ значи да преземе позитивна акција. На пример, откако Земјата била преплавена со вода 150 дена, ‚Бог си спомнал за [се сетил на, NW] Ное . . . и навеал ветар на земјата, и водите запреле‘ (1. Мојсеева 8:1). Со векови подоцна, Самсон — слеп и ставен во синџири од страна на Филистејците — се молел: „Господи Боже, спомни си за [сети се на, NW] мене и поддржи ме само сега“. Јехова се сетил на Самсон на тој начин што му дал натчовечка сила така што можел да им се одмазди на Божјите непријатели (Судии 16:28—30). А што се однесува до Неемија, Јехова ги благословил неговите напори, и во Ерусалим било обновено вистинското обожавање.

„Сѐ, што беше порано напишано, за наша поука беше напишано, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж“, напишал апостол Павле (Римјаните 15:4). Ако се сеќаваме на Јехова со тоа што настојуваме да ја вршиме неговата волја, како и неговите верни слуги од минатото, можеме да бидеме сигурни дека Јехова ќе се сети на нас на тој начин што ќе ни помогне да го добиеме она што секојдневно ни е потребно, ќе нѐ поддржува во испитите и ќе нѐ избави кога ќе го изврши судот врз безбожните (Матеј 6:33; 2. Петрово 2:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели