ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 100
  • Прекршив семејно правило — што сега?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прекршив семејно правило — што сега?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што да не правиш
  • Подобар пристап
  • Како да ја стекнам довербата на родителите?
    Младите прашуваат
  • Зошто родителите не ме оставаат да се забавувам?
    Младите прашуваат
  • Зошто толку многу правила?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Зошто родителите немаат доверба во мене?
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 100
Загрижени родители разговараат со својата ќерка која се вратила дома покасно од предвиденото време.

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Прекршив семејно правило — што сега?

Скоро секое семејство си има свои правила, на пример до колку часот треба да се вратиш дома, колку време смееш да користиш електронски уреди и како треба да се однесуваш со другите.

Што ако прекршиш некое семејно правило? Не можеш да го смениш она што се случило, но можеш да спречиш работите да станат полоши. Оваа статија ќе ти покаже како да го постигнеш тоа.

  • Што да не правиш

  • Подобар пристап

  • Што велат некои млади

Што да не правиш

  • Ако твоите родители не знаат дека си прекршил некое правило, можеби ќе бидеш на искушение да сокриеш што си направил.

  • Ако тие знаат дека си прекршил некое правило, можеби ќе бидеш на искушение да се оправдуваш или да обвинуваш некој друг.

Ниту една од овие опции не е паметна. Зошто? Бидејќи е многу незрело да го прикриваш она што се случило или да изнаоѓаш слаби изговори. Така само ќе им покажеш на твоите родители дека сѐ уште треба да зрееш.

„Лажењето никогаш не е добра опција. Порано или подоцна, вистината ќе излезе на виделина, и тогаш казната ќе биде построга затоа што не си ја кажал вистината од почетокот“ (Дајана).

Подобар пристап

  • Признај што си направил. Библијата вели: „Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех“ (Изреки 28:13). Твоите родители знаат дека не си совршен, но очекуваат да бидеш искрен.

    „Твоите родители ќе бидат поспремни да ти простат ако ја кажеш вистината. Ако си искрен, ќе имаат поголема доверба во тебе“ (Оливија).

  • Извини се. Библијата вели: „Опашајте се со понизност“ (1. Петрово 5:5). Потребна е понизност за да кажеш „жал ми е“ и да се спротивставиш на склоноста да наброиш еден куп изговори.

    „Луѓето кои постојано кажуваат изговори можат да си ја затапат совеста. Со текот на времето тие нема да чувствуваат никаква вина кога ќе направат нешто погрешно“ (Хедер).

  • Прифати ги последиците. Библијата вели: „Оној што прифаќа укор е паметен“ (Изреки 15:5). Прифати го кое и да било ограничување што ќе ти го постават родителите без да се жалиш.

    „Колку повеќе се жалиш за казната што си ја добил, толку полошо ќе си направиш. Потруди се да ги прифатиш ограничувањата и немој да се концентрираш на она што си го изгубил“ (Џејсон).

  • Потруди се да ја вратиш изгубената доверба. Библијата вели: „Треба да ја соблечете старата личност, обликувана според вашиот поранешен начин на живот“ (Ефешаните 4:22). Почни да носиш добри одлуки и покажи дека си одговорна личност.

    „Ако подолг период носиш добри одлуки и им покажеш на твоите родители дека нема да ја повториш истата грешка, пак ќе стекнат доверба во тебе“ (Карен).

ПРЕДЛОГ: За да покажеш дека може да ти се верува, направи чекор повеќе. На пример, следниот пат кога ќе бидеш излезен, уште додека си на пат кон дома, јави им се на твоите родители за да им кажеш дека си доаѓаш — дури и ако нема да задоцниш. Со тоа како да им велиш: „Сакам повторно да ми верувате“.

Што велат некои млади

Дариус.

„Кога ја криеш вистината од твоите родители во врска со она што си го направил, ти всушност, лажеш. Кога и да е, твоите родители ќе ја дознаат вистината, и кога ќе се случи тоа, ќе си поминеш полошо отколку кога би ја кажал вистината на почетокот“ (Дариус).

Сиера.

„Кога окривуваме некој друг за нешто што сме направиле ние, испаѓа дека не сме доволно зрели да ја преземеме одговорноста за нашите грешки. Ако не сме спремни да се извиниме за она што се случило, нашите родители можат да ја изгубат довербата во нас“ (Сиера).

Резиме: Прекршив семејно правило — што сега?

  • Признај што си направил. Твоите родители знаат дека не си совршен, но очекуваат да бидеш искрен.

  • Извини се. Понизно кажи „жал ми е“ и спротивстави се на склоноста да наброиш еден куп изговори.

  • Прифати ги последиците. Прифати го кое и да било ограничување што ќе ти го постават родителите.

  • Потруди се да ја вратиш изгубената доверба. Почни да носиш добри одлуки и покажи дека си одговорна личност.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели