-
Лутина што водела до гревПоуки од Библијата
-
-
ПОГЛАВЈЕ 4
Лутина што водела до грев
Откако Адам и Ева заминале од рајската градина, им се родиле многу деца. Нивниот прв син, Каин, станал земјоделец, а нивниот втор син, Авел, станал овчар.
Еден ден, Каин и Авел му принеле жртви на Јехова. Знаеш ли што е жртва? Тоа е дар што му се дава на Бог. Јехова ја прифатил жртвата на Авел, но не бил задоволен од жртвата на Каин. Тоа многу го налутило Каин. Затоа Јехова го опоменал и му рекол дека, ако продолжи да се лути, може да направи нешто лошо. Но, Каин не послушал.
Наместо тоа, му рекол на Авел: „Дојди со мене во полето“. Кога отишле таму, Каин го нападнал својот брат и го убил. Што направил Јехова? Го казнил Каин така што го истерал далеку од неговото семејство. Каин не смеел никогаш повеќе да се врати назад.
Што учиме од ова? Можеби ќе почнеме да се лутиме ако не е сѐ како што сакаме ние. Ако сфатиме дека стануваме сѐ полути — или ако некој нѐ опомене дека сме премногу лути — треба веднаш да се поправиме и да почнеме да си ги контролираме чувствата за да не почнат тие да нѐ контролираат нас.
Бидејќи Авел го сакал Јехова и правел добри работи, Јехова не го заборавил. Тој повторно ќе го врати во живот кога ќе ја претвори Земјата во рај.
„Прво помири се со братот, а потоа врати се и принеси го својот дар“ (Матеј 5:24)
-
-
Арката на НоеПоуки од Библијата
-
-
ПОГЛАВЈЕ 5
Арката на Ное
Со текот на времето, на Земјата имало многу луѓе. Повеќето од нив биле лоши. Дури и некои од ангелите на небото станале лоши. Тие го напуштиле својот дом на небото и дошле на Земјата. Знаеш ли зошто го направиле тоа? За да се претворат во луѓе и да си земаат жени.
Тие ангели и нивните жени имале синови. Кога пораснале, овие синови биле силни, но и многу насилни. Тие ги повредувале луѓето. Јехова не сакал да се случуваат такви работи. Затоа решил да ги уништи лошите луѓе со потоп.
Но, имало еден човек што не бил како другите. Тој многу го сакал Јехова. Се викал Ное, и имал жена и три сина. Тие се викале Сем, Хам и Јафет, и секој од нив си имал жена. Јехова му рекол на Ное да изгради една голема арка за да можат тој и неговото семејство да го преживеат Потопот. Арка е огромна дрвена кутија што може да плови по вода. Исто така, Јехова му рекол на Ное да внесе во арката многу животни за да се спасат и тие.
Ное веднаш почнал со работа. Нему и на неговото семејство им биле потребни околу 50 години за да ја изградат арката. Ја изградиле токму онака како што им рекол Јехова. Во текот на тие години, Ное им кажувал на луѓето дека ќе има потоп. Но, никој не сакал да го слуша.
На крајот, конечно дошло време да влезат во арката. Да видиме што се случило потоа.
„Како што беше во деновите на Ное, таква ќе биде и присутноста на Синот човечки“ (Матеј 24:37)
-