ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Јаков добил наследство
    Поуки од Библијата
    • Јаков му дава на Исав чинија со чорба во замена за правото на првородство

      ПОГЛАВЈЕ 12

      Јаков добил наследство

      Исак и Ревека со своите близнаци, Јаков и Исав

      Кога Исак имал 40 години, се оженил со Ревека. Тој многу ја сакал. Со текот на времето, им се родиле два сина близнаци.

      Прв се родил Исав, а втор Јаков. Исав многу сакал да биде надвор, и бил добар ловџија. Но, Јаков повеќе сакал да биде дома.

      Во тоа време, кога ќе умрел таткото, најстариот син го добивал најголемиот дел од земјата и парите. Тоа се викало наследство. Во семејството на Исак, дел од наследството биле и ветувањата што Јехова му ги дал на Авраам. Овие ветувања не му значеле ништо на Исав, но Јаков знаел дека тие се многу важни.

      Јаков и Исав

      Еднаш, откако цел ден бил на лов, Исав се вратил дома уморен. Кога видел дека Јаков готви нешто вкусно, му рекол: „Умирам од глад! Дај ми малку од таа црвена чорба“. Јаков му рекол: „Ќе ти дадам, ама прво вети ми дека ќе ми го дадеш твоето наследство“. Тогаш Исав рекол: „Што ми е гајле за наследството? Земи го. Само дај ми да јадам“. Што мислиш, дали тоа што го направил Исав било паметно? Не. Исав се откажал од нешто многу вредно, и тоа само за една обична чорба.

      Еден ден, кога Исак бил многу стар, дошло време да го благослови својот првороден син. Но, Ревека му помогнала на другиот син, Јаков, да го добие благословот. Кога Исав дознал што се случило, толку се налутил што сакал да го убие својот брат близнак. За да го заштитат Јаков, Исак и Ревека му рекле: „Оди кај вујко ти Лаван и остани таму додека да се смири Исав“. Јаков ги послушал своите родители и избегал за да се спаси.

      „Од каква корист му е на човекот ако го добие целиот свет, а го изгуби животот? Зашто, што може да даде човекот во замена за својот живот?“ (Марко 8:36, 37)

      Прашања: Каков бил Исав? А каков бил Јаков? Зошто Јаков добил благослов наместо Исав?

      1. Мојсеева 25:20-34; 27:1 — 28:5; Евреите 12:16, 17

  • Јаков и Исав се помириле
    Поуки од Библијата
    • Јаков се поклонува пред Исав додека Исав трча кон него

      ПОГЛАВЈЕ 13

      Јаков и Исав се помириле

      Јехова му ветил на Јаков дека ќе го штити, исто како што ги штител Авраам и Исак. Јаков се населил во едно место кое се викало Харан. Таму се оженил, имал големо семејство и станал многу богат.

      Еден ден, Јехова му рекол на Јаков: „Врати се во твојата родна земја“. Така Јаков и неговото семејство тргнале на долг пат. Додека сѐ уште патувале, некои луѓе му рекле на Јаков: „Брат ти Исав доаѓа наваму, а со него има 400 мажи!“ Јаков се исплашил дека Исав ќе ги нападне него и неговото семејство. Затоа му се помолил на Јехова: „Те молам спаси ме од брат ми“. Следниот ден, Јаков му испратил на Исав како подарок многу овци, кози, крави, камили и магариња.

      Вечерта, кога Јаков бил сам, видел еден ангел! Тој ангел почнал да се бори со него. Се бореле сѐ до утрото. Иако Јаков се повредил, не се откажувал. Ангелот му рекол: „Пушти ме“. Но, Јаков му рекол: „Нема да те пуштам дури не ме благословиш“.

      Тогаш ангелот го благословил Јаков. Така Јаков се уверил дека Јехова нема да дозволи Исав да му направи нешто лошо.

      Утрото, Јаков погледнал во далечината и го видел Исав заедно со неговите 400 луѓе. Јаков тргнал прв, пред целото свое семејство, и седум пати се поклонил пред својот брат. Исав се стрчал кон Јаков и го гушнал. Тогаш и двајцата заплакале и се помириле. Што мислиш, како се чувствувал Јехова кога видел колку убаво постапил Јаков во оваа ситуација?

      Потоа Исав се вратил дома, а Јаков продолжил по својот пат. Јаков имал 12 синови. Тие се викале Рувим, Симеон, Леви, Јуда, Дан, Нефталим, Гад, Асер, Исахар, Завулон, Јосиф и Венијамин. Преку Јосиф, Јехова подоцна го спасил својот народ. Знаеш ли како? Да видиме.

      „Сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат, за да бидете синови на својот Татко кој е на небесата“ (Матеј 5:44, 45)

      Прашања: Како Јаков добил благослов? Како Јаков се смирил со својот брат?

      1. Мојсеева 28:13-15; 31:3, 17, 18; 32:1-29; 33:1-18; 35:23-26

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели