ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Раав ги скрила извидувачите
    Поуки од Библијата
    • Раав ги заштитува извидувачите така што ги испраќа војниците по друг пат

      ПОГЛАВЈЕ 30

      Раав ги скрила извидувачите

      Додека двајцата извидувачи биле во градот Ерихон, престојувале во куќата на една жена по име Раав. Но, царот на Ерихон дознал за тоа и испратил војници во куќата на оваа жена. Таа ги скрила извидувачите на покривот и им рекла на војниците дека отишле во друг правец. Потоа им кажала на извидувачите: „Ќе ви помогнам затоа што знам дека Јехова е со вас и дека ќе ја освоите оваа земја. Ама ве молам, ветете ми дека ќе го спасите моето семејство“.

      Извидувачите ѝ рекле на Раав: „Ти ветуваме дека никој во твојот дом нема да настрада“. Потоа ѝ кажале: „На прозорецот врзи црвена врвца, и твоето семејство ќе се спаси“.

      Куќата на Раав, со црвена врвца на прозорецот, останува несрушена додека ѕидовите на Ерихон се рушат

      Тогаш Раав спуштила едно јаже од прозорецот по кое извидувачите слегле долу. Тие се упатиле кон планините и се криеле таму три дена, па се вратиле кај Исус Навин. Кратко потоа, Израелците ја преминале реката Јордан и се спремиле за да ја освојат ханаанската земја. Ерихон бил првиот град што го освоиле. Како го направиле тоа? Јехова им кажал да го обиколуваат тој град по еднаш на ден во текот на шест дена. А на седмиот ден требало да го обиколат седум пати. Потоа свештениците почнале да трубат во роговите, а војниците да викаат колку што ги држи гласот. Одеднаш, ѕидот околу Ерихон почнал да се руши! Но куќата на Раав, која се наоѓала на самиот ѕид, не се срушила. Раав и нејзиното семејство биле спасени поради нејзината вера во Јехова.

      „Зарем... Раав не беше исто така прогласена за праведна поради делата, кога гостољубиво ги прими извидувачите и ги испрати по друг пат?“ (Јаков 2:25)

      Прашања: Зошто Раав ги скрила извидувачите? Како Израелците го освоиле Ерихон? Што се случило со Раав и со нејзиното семејство?

      Исус Навин 2:1-24; 6:1-27; Евреите 11:30, 31; Јаков 2:24-26

  • Исус Навин и Гаваонците
    Поуки од Библијата
    • Гаваонците доаѓаат пред Исус Навин и неговата војска во излитени алишта

      ПОГЛАВЈЕ 31

      Исус Навин и Гаваонците

      Низ целата ханаанска земја се расчуло што се случило со Ерихон. Затоа, царевите од Ханаан се здружиле за да се борат со Израелците. Но, Гаваонците смислиле нешто друго. Облекле стари алишта и отишле кај Исус Навин. Тие му рекле: „Доаѓаме од далечна земја. Слушнавме што сѐ направил Јехова за вас во Египет и во Моав. Ако ни ветите дека нема да нѐ нападнете, ние ќе станеме ваши слуги“.

      Исус Навин им поверувал на овие луѓе и им ветил дека нема да ги нападне. Но, по три дена дознал дека тие не се од некоја далечна земја. Всушност, тие биле од Ханаан. Исус Навин ги прашал: „Зошто нѐ излажавте?“ А тие му одговориле: „Се исплашивме! Знаеме дека Јехова, вашиот Бог, се бори за вас. Ве молиме, не нѐ убивајте“. Исус Навин го одржал ветувањето што им го дал, и не ги убил.

      По кратко време, пет ханаански цареви се собрале за да ги нападнат Гаваонците. Исус Навин цела ноќ пешачел со својата војска за да ги спаси. Борбата почнала рано наутро. Ханаанците се разбегале, но не можеле да се скријат од Јехова, кој им пуштил силен град од небото. Потоа, Исус Навин побарал Јехова да го запре сонцето. Како можел да побара нешто што никогаш порано не се случило? Исус Навин имал вера во Јехова! Сонцето застанало и силно светело сѐ додека Израелците потполно не ги победиле ханаанските цареви и нивните војски.

      Исус Навин гледа кон небото и го моли Јехова да го запре сонцето

      „Кога ќе речете: ’Да‘, тоа нека значи ’да‘, а кога ќе речете: ’Не‘, тоа нека значи ’не‘. Што е повеќе од тоа, од Злобниот е“ (Матеј 5:37)

      Прашања: Што направиле Гаваонците за да се спасат? Како Јехова им помогнал на Израелците?

      Исус Навин 9:1 — 10:15

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели