ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Гедеон ги победил Мадијамците
    Поуки од Библијата
    • Гедеон и неговите војници дуваат во рогови, кршат ќупови, мавтаат со факли и викаат

      ПОГЛАВЈЕ 34

      Гедеон ги победил Мадијамците

      Како што минувало времето, Израелците пак престанале да му служат на Јехова и почнале да им служат на лажни богови. Во текот на седум години, Мадијамците им ги краделе животните и им уништувале сѐ што имале посадено на нивите. Израелците морале да се кријат во пештери и во планини за да избегаат од Мадијамците. Тие многу го молеле Јехова да ги спаси. Затоа, Јехова испратил еден ангел кај младиот Гедеон. Ангелот му рекол: „Јехова те избра тебе за да го спасиш народот“. Гедеон прашал: „Како можам јас да го спасам народот? Па, јас сум никој и ништо!“

      Гедеон сакал да се увери дека Јехова го избрал него. Затоа на земјата ставил едно руно, односно овча кожа, и му рекол на Јехова: „Ако утре сабајле руното е мокро а земјата сува, ќе знам дека сакаш јас да го спасам Израел“. Следното утро руното било толку мокро што се цедело вода од него, а земјата била сува! Но, Гедеон побарал уште нешто. Тој му рекол на Јехова следното утро руното да биде суво, а земјата мокра. Така и било. Ова го уверило Гедеон дека Јехова го избрал токму него. Затоа ги собрал војниците за да се борат со Мадијамците.

      Јехова му кажал на Гедеон: „Ќе им помогнам на Израелците да победат. Сепак, бидејќи имаш многу војници со себе, можеби ќе помислите дека самите вие сте победиле. Затоа, на сите што се плашат кажи им да си одат дома“. Тогаш, 22.000 војници си заминале, а 10.000 останале. Јехова рекол: „Сѐ уште има многу војници. Однеси ги кај потокот и кажи им да пијат вода. Земи ги со себе оние кои додека пијат, внимателно гледаат наоколу да не им се приближи некој непријател“. Само 300 војници останале внимателни додека пиеле вода. Јехова ѝ ветил на оваа мала војска дека ќе ѝ даде победа над мадијамската војска која броела 135.000 луѓе.

      Во текот на таа ноќ, Јехова му кажал на Гедеон: „Сега нападни ги Мадијамците!“ Така Гедеон им дал на своите луѓе рогови и големи ќупови во кои имало запалени факли. Потоа им рекол: „Гледајте што правам јас, и вие правете го истото“. Гедеон дувнал во рогот, го скршил ќупот, го кренал факелот и извикал на сет глас: „Мечот на Јехова и на Гедеон!“ Веднаш потоа, сите 300 луѓе го направиле истото. Мадијамците многу се исплашиле и почнале да бегаат на сите страни. Толку многу се збуниле што почнале да се убиваат еден со друг. Јехова и овојпат им помогнал на Израелците да ги победат своите непријатели.

      Преплашени мадијамски војници

      „Да биде очигледно дека нашата сила, која ја надминува нормалната, потекнува од Бог, а не од нас“ (2. Коринќаните 4:7)

      Прашања: Како Јехова му покажал на Гедеон дека го избрал него? Зошто во војската на Гедеон имало само 300 луѓе?

      Судиите 6:1-16, 6:36 — 7:25, 8:28

  • Ана се молела за син
    Поуки од Библијата
    • Ана и малиот Самоил пред Илиј во светиот шатор

      ПОГЛАВЈЕ 35

      Ана се молела за син

      Еден Израелец по име Елкана имал две жени — Ана и Фенина. Сепак, тој повеќе ја сакал Ана. Фенина имала многу деца и постојано ја исмејувала и понижувала Ана затоа што таа немала деца. Елкана секоја година го носел семејството во Сило, кај светиот шатор, за да му принесат жртва на Јехова. Еднаш, додека биле во Сило, тој забележал дека Ана, која толку ја сакал, била многу тажна. Елкана ѝ рекол: „Ана, не плачи. Еве, јас сум со тебе и многу те сакам“.

      Подоцна Ана отишла во светиот шатор сама за да му се помоли на Јехова. Таа не можела да престане да плаче додека му кажувала на Јехова колку ѝ е тешко, и го молела за помош. Ана му ветила: „Јехова, ако ми дадеш син, јас ќе ти го дадам тебе за да ти служи цел живот“.

      Првосвештеникот Илиј ја гледа Ана која плаче и се моли

      Првосвештеникот Илиј видел дека на Ана ѝ треперат усните и помислил дека е пијана. Но, таа му рекла: „Господару, не сум пијана, туку имам голема мака и дојдов да му ја кажам на Јехова“. Илиј сфатил дека не е во право и ѝ рекол: „Бог нека ти го даде она што го бараш“. На Ана ѝ олеснило и се вратила кај семејството. Следната година родила син и го нарекла Самоил. Можеш ли да си замислиш колку била среќна Ана што имала дете?

      Ана не заборавила што му ветила на Јехова. Штом престанала да го дои малиот Самоил, го однела во светиот шатор за да служи таму. Таа му рекла на Илиј: „Еве го детето за кое го молев Јехова да ми го даде. Му го давам на Јехова за да му служи до крајот на животот“. Елкана и Ана еднаш годишно го посетувале Самоил и му носеле по една нова наметка како подарок. Јехова ѝ дал на Ана уште три синови и две ќерки.

      „Молете, и ќе ви се даде. Барајте, и ќе најдете“ (Матеј 7:7)

      Прашања: Зошто Ана била тажна? Како Јехова ја наградил Ана?

      1. Самоилова 1:1 — 2:11, 18-21

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели