ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • Ветувањето на Јефтај
    Поуки од Библијата
    • Јефтај си ја раскинува облеката кога гледа дека го пречекува ќерка му

      ПОГЛАВЈЕ 36

      Ветувањето на Јефтај

      Израелците повторно го оставиле Јехова и им се вратиле на лажните богови. Кога Амонците ги нападнале Израелците, лажните богови не можеле да им помогнат. Така, Израелците страдале со години. На крајот, тие му рекле на Јехова: „Згрешивме. Те молиме спаси нѐ од нашите непријатели“. Израелците ги уништиле своите идоли и повторно почнале да му служат на Јехова. Затоа, на Јехова му паднало жал и повеќе не можел да гледа како се мачат.

      Јехова избрал еден воин, кој се викал Јефтај, да го води народот во битка со Амонците. Јефтај му рекол на Јехова: „Ако ни помогнеш да победиме во оваа битка, ти ветувам дека оној што прв ќе ме пречека кога ќе се вратам дома, ќе ти го дадам тебе“. Јехова ја слушнал молитвата на Јефтај и му помогнал да победи.

      Кога Јефтај се вратил дома, прва го пречекала неговата ќерка, која му била единственото дете. Таа играла и удирала на дајре. Кога ја видел, Јефтај се сетил на своето ветување и ѝ рекол: „Ќерко моја! Зар мораше ти да излезеш прва? Му дадов ветување на Јехова, и за да го исполнам, ќе треба да те испратам во светиот шатор во Сило“. Таа му рекла: „Татко, штом си му ветил на Јехова, мора да го исполниш тоа. Само пушти ме најпрво да одам два месеци во планините со моите другарки. А потоа ќе одам во Сило“. Ќерката на Јефтај верно служела во светиот шатор до крајот на својот живот. Секоја година, нејзините другарки доаѓале во Сило за да ја видат.

      Пријателките на ќерката на Јефтај ја посетуваат во светиот шатор

      „Кој го сака својот син или својата ќерка повеќе отколку мене, не е достоен за мене“ (Матеј 10:37)

      Прашања: Што ветил Јефтај? Како реагирала ќерката на Јефтај кога слушнала што ветил татко ѝ?

      Судиите 10:6 — 11:11, 29-40; 1. Самоилова 12:10, 11

  • Јехова зборувал со Самоил
    Поуки од Библијата
    • Самоил ги отвора вратите на светиот шатор

      ПОГЛАВЈЕ 37

      Јехова зборувал со Самоил

      Првосвештеникот Илиј имал два сина кои служеле како свештеници во светиот шатор. Тие се викале Офни и Финес и не сакале да ги слушаат заповедите на Јехова. Освен тоа, многу лошо се однесувале со луѓето. Кога Израелците му принесувале жртви на Јехова, Офни и Финес го земале најдобриот дел од месото за себе. Илиј слушнал што правеле неговите синови, но не направил ништо во врска со тоа. А дали Јехова направил нешто?

      Самоил бил многу помлад од Офни и Финес, но не го следел нивниот лош пример. Јехова бил многу задоволен од Самоил. Една ноќ додека Самоил спиел, слушнал како некој го вика по име. Веднаш станал, отрчал кај Илиј и му рекол: „Еве ме!“ Но, Илиј му рекол: „Ама јас не те викнав. Врати се да спиеш“. Самоил си легнал, но истото се случило уште еднаш. Кога Самоил по третпат го слушнал истиот глас, Илиј сфатил дека Јехова бил тој што го вика. Затоа му рекол на Самоил ако го чуе тој глас уште еднаш, да рече: „Зборувај, Јехова. Твојот слуга слуша“.

      Самоил му кажува на Илиј што му рекол Јехова

      Самоил се вратил во креветот. По кратко време, слушнал како гласот вели: „Самоил! Самоил!“ Тој одговорил: „Зборувај. Твојот слуга слуша“. Јехова му рекол: „Кажи му на Илиј дека ќе ги казнам него и неговото семејство. Тој знае дека неговите синови прават многу лоши работи во мојот свет шатор, но не презема ништо“. Утредента Самоил ги отворил вратите на светиот шатор, како што правел секое утро. Но, се плашел да му каже на првосвештеникот што рекол Јехова. Сепак, Илиј го викнал и го прашал: „Синко, што ти рече Јехова? Кажи ми сѐ, немој ништо да скриеш“. Тогаш Самоил му раскажал на Илиј сѐ што му рекол Јехова.

      Додека Самоил растел, Јехова цело време му помагал. Израелците од сите краеви на нивната земја знаеле дека Јехова го избрал Самоил за пророк и судија.

      „Сеќавај се на својот Величествен Творец во деновите на младоста своја“ (Проповедник 12:1)

      Прашања: Каков бил Самоил за разлика од Офни и Финес? Каква порака требало да му пренесе Самоил на Илиј?

      1. Самоилова 2:12-17, 22-26; 3:1-21; 7:6

Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
Одјави се
Најави се
  • македонски
  • Сподели
  • Подесување
  • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
  • Услови за користење
  • Полиса за приватност
  • Поставки за приватност
  • JW.ORG
  • Најави се
Сподели