ПЕСНА 12
Јехова е величествен Бог
Печатено издание
	- 1. Боже Јехова, единствен ти си, - достоен за сета чест, - мудар, добар, праведен. - Бескрајно моќен, преполн со љубов, - вечно ти ќе останеш. 
- 2. Кон нас си благ и милостив, Татко, - мали сме ко прашинка, - сепак мислиш ти на нас. - Грижно нѐ слушаш, учиш и водиш, - секогаш ни помагаш. 
- 3. Целото небо, Боже, те слави, - сите ние за тебе - радосно ќе пееме. - Достоен си за славен да бидеш, - достоен за сета чест. 
(Види и 5. Мој. 32:4; Изр. 16:12; Мат. 6:10; Отк. 4:11.)