ПЕСНА 144
Гледај ја наградата!
Печатено издание
1. Кога секој слеп ќе прогледа,
кога глувите ќе слушаат,
кога спокојство ќе владее
со детска смеа секаде,
кога блиските што умреле
ќе се разбудат во свет без грев
(РЕФРЕН)
— сѐ што ветил Бог ќе исполни.
Наградата гледај ја ти!
2. Кога покрај волкот, мечката,
ќе си пасе теленце без страв,
кога дете ќе ги повика,
а тие ќе го слушаат,
кога еднаш и засекогаш
ќе ги снема сите солзи, јад
(РЕФРЕН)
— сѐ што ветил Бог ќе исполни.
Наградата гледај ја ти!
(Види и Иса. 11:6-9; 35:5-7; Јован 11:24.)