ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Ноември стр. 28-30
  • Љубезност — особина што се покажува и со зборови и со дела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Љубезност — особина што се покажува и со зборови и со дела
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЈЕХОВА Е ЉУБЕЗЕН КОН СИТЕ
  • ИСУС — ИЗВОНРЕДЕН ПРИМЕР ЗА ЉУБЕЗНОСТ
  • ПОКАЖУВАЈ ЉУБЕЗНОСТ И СО ЗБОРОВИ И СО ДЕЛА
  • КАКО ДА РАЗВИВАМЕ ЉУБЕЗНОСТ
  • ЉУБЕЗНОСТА ГИ ПРИВЛЕКУВА ДРУГИТЕ КОН ВИСТИНАТА
  • КАКО НИ КОРИСТИ ТОА ШТО СМЕ ЉУБЕЗНИ
  • Божјиот народ мора да ја сака љубезноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Угоди му на Јехова со покажување на доброљубивост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Нека те води „законот на добрината“
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Да се биде љубезен во еден непријателски свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Ноември стр. 28-30

Љубезност — особина што се покажува и со зборови и со дела

  • ЉУБОВ

  • РАДОСТ

  • МИР

  • ДОЛГОТРПЕЛИВОСТ

  • ЉУБЕЗНОСТ

  • ДОБРОТА

  • ВЕРА

  • БЛАГОСТ

  • САМОСОВЛАДУВАЊЕ

ЕДЕН чин на љубезност може многу да нѐ охрабри и утеши! Кога ќе сфатиме дека некој се грижи за нас, чувствуваме голема благодарност. Сите сакаме другите да постапуваат љубезно со нас. Тогаш, како можеме ние да ја развиваме оваа убава особина?

Љубезностаa се покажува и со зборови и со постапки. Љубезниот човек вистински се грижи за доброто на другите и сака да им помогне. Со оглед на тоа, за да бидеме вистински љубезни не е доволно само да бидеме учтиви и да имаме убави манири. Вистинска љубезност ќе покажеме само ако имаме длабока љубов и сочувство кон другите. Освен тоа, таквата љубезност е еден од плодовите на Божјиот свет дух што христијаните треба да ги развиваат (Гал. 5:22, 23). Бидејќи љубезноста е толку важна особина, да видиме како Јехова и неговиот Син ја покажале и како можеме да го следиме нивниот пример.

ЈЕХОВА Е ЉУБЕЗЕН КОН СИТЕ

Јехова е љубезен и обѕирен кон сите, па дури и „кон неблагодарните и кон злите“ (Лука 6:35). На пример, Јехова „дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Мат. 5:45). Значи, дури и тие што не го признаваат Јехова за свој Творец, сепак го користат сето она што го дал за да го одржува животот на Земјата и можат да бидат среќни до одредена мера.

Она што Јехова го направил за Адам и Ева е прекрасен пример за љубезност. Набрзо откако згрешиле, Адам и Ева си направиле покривала од смоквини лисја со кои си ги препашале колковите. Меѓутоа, Јехова знаел дека ќе им треба соодветна облека за да можат да живеат надвор од рајската градина, каде што земјата била проколната со „трње и троскот“. Затоа, Јехова љубезно ја задоволил нивната потреба со тоа што им направил „долги облеки од кожа“ (1. Мој. 3:7, 17, 18, 21).

Иако Јехова е љубезен и кон злите и кон добрите, тој особено е љубезен кон своите верни слуги. На пример, во времето на пророкот Захарија, еден ангел бил вознемирен бидејќи обновата на храмот во Ерусалим целосно запрела. Јехова го сослушал ангелот и му одговорил „со пријатни, утешни зборови“ (Зах. 1:12, 13). Јехова постапил на сличен начин и со пророкот Илија. Во една прилика, пророкот бил толку разочаран што го молел Јехова да умре. Јехова покажал обѕир кон чувствата на Илија и испратил ангел за да го зајакне. Освен тоа, Бог го уверил пророкот дека не е сам. Откако Илија ги чул тие љубезни зборови и ја добил потребната помош, можел да продолжи со својата служба (1. Цар. 19:1-18). Но, кој од Божјите слуги најдобро успеал да ја покаже оваа прекрасна особина на Јехова — љубезноста?

ИСУС — ИЗВОНРЕДЕН ПРИМЕР ЗА ЉУБЕЗНОСТ

За време на својата служба на Земјата, Исус бил познат како љубезен и обѕирен човек. Никогаш не бил груб или наметлив. Тој сочувствително рекол: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам“ (Мат. 11:28-30). Затоа што бил љубезен, луѓето го следеле на секој чекор. Бидејќи му било жал за луѓето, Исус ги поучувал за својот Татко, ги лекувал оние што биле болни и во неколку прилики нахранил илјадници од нив (Мар. 6:34; Мат. 14:14; 15:32-38).

Уште еден доказ дека Исус бил многу љубезен е тоа што покажувал разбирање за другите. Всушност, дури и кога сакал да се одмори, тој љубезно ги примал оние што барале помош од него (Лука 9:10, 11). Да разгледаме еден пример. Една жена која страдала од крвавење, и поради тоа според Законот била сметана за нечиста, ја допрела неговата облека со надеж дека ќе биде излекувана (3. Мој. 15:25-28). Исус не ја прекорил оваа исплашена жена која 12 години страдала од таа мачна болест. Напротив, покажал сочувство и ѝ рекол: „Ќерко, твојата вера те оздраве. Оди си во мир и биди здрава од својата мачна болест“ (Мар. 5:25-34). Каков прекрасен пример на љубезност!

ПОКАЖУВАЈ ЉУБЕЗНОСТ И СО ЗБОРОВИ И СО ДЕЛА

Од примерите што беа наведени погоре гледаме дека вистинската љубезност се покажува со дела. Ова се гледа и од споредбата за милосрдниот Самарјанин што ја кажал Исус. Иако меѓу Самарјаните и Евреите имало непријателство, Самарјанинот во споредбата се сожалил на еден Евреин кој бил ограбен, претепан и оставен да лежи полумртов на патот. Љубезноста го поттикнала Самарјанинот да му помогне. Му ги преврзал раните и го одвел во еден конак. Таму Самарјанинот му платил на сопственикот на конакот за да се погрижи за повредениот Евреин, па дури и понудил да му плати за сѐ што ќе потрошел дополнително (Лука 10:29-37).

Љубезноста честопати се покажува со дела, но може да ја покажеме и преку обѕирни и охрабрувачки зборови. Во Изреки 12:25 пишува: „Од загриженост срцето на човекот му премалува, а добриот збор го радува“. Љубезноста и добрината нѐ поттикнуваат да ги зајакнуваме другите со охрабрувачки зборови.b Со нашите љубезни зборови ќе им покажеме на другите дека ги сакаме. А тоа ќе им помогне полесно да истраат во тешкотиите што ги доживуваат во животот (Изр. 16:24).

КАКО ДА РАЗВИВАМЕ ЉУБЕЗНОСТ

Бидејќи се создадени „според Божјиот лик“, сите луѓе можат да покажуваат љубезност (1. Мој. 1:27). На пример, еден римски воен заповедник по име Јулиј, под чиј надзор патувал апостол Павле до Рим, постапувал „љубезно со Павле“, и во градот Сидон му дозволил „да отиде кај своите пријатели, за да се погрижат за него“ (Дела 27:3, Стандарден Превод). Подоцна, кога Павле и другите сопатници доживеале бродолом, жителите на островот Малта покажале кон нив „несекојдневна љубезност“. Островјаните дури и запалиле оган за да се згреат настраданите (Дела 28:1, 2). Тоа што го направиле навистина е за пофалба. Но за да бидеме вистински љубезни, не е доволно да им помагаме на другите само одвреме-навреме.

Ако сакаме потполно да му угодиме на Бог, љубезноста мора да стане дел од нашата личност и мора постојано да ја покажуваме. Затоа, Јехова ни вели „да се облечеме“ во љубезност (Кол. 3:12). Но, мора да признаеме дека не е секогаш лесно оваа Божја особина да стане дел од нашата личност. Зошто? Можеби не покажуваме љубезност бидејќи сме срамежливи или несигурни, бидејќи се соочуваме со противење или, пак, затоа што во нас сѐ уште има траги на себичност. Но ако се молиме за свет дух и ако се трудиме да го следиме примерот на Јехова, тој ќе ни помогне да станеме вистински љубезни (1. Кор. 2:12).

Како да утврдиме на кои начини можеме во уште поголема мера да покажуваме љубезност? Најпрво треба да се прашаме: „Дали сочувствително ги слушам другите? Дали ги забележувам нивните потреби? Кога последен пат покажав љубезност кон некој што не е член на моето семејство или не ми е близок пријател?“ Потоа, можеме да си поставиме цели како, на пример, подобро да се запознаеме со луѓето околу нас, особено со оние во нашето собрание. На овој начин можеме да дознаеме нешто повеќе за тоа во какви околности живеат и кои се нивните потреби. Исто така, треба да се обидеме да покажуваме љубезност кон другите на начини на кои ние би сакале другите да покажуваат љубезност кон нас (Мат. 7:12). Освен тоа, Јехова ќе ни помогне да ја развиеме оваа особина ако го молиме за тоа (Лука 11:13).

ЉУБЕЗНОСТА ГИ ПРИВЛЕКУВА ДРУГИТЕ КОН ВИСТИНАТА

Апостол Павле оставил добар пример со начинот на кој покажувал љубезност. Луѓето биле привлечени кон Павле бидејќи тој бил искрено заинтересиран за нив, а тоа го покажал со своите љубезни постапки и зборови. На пример, во Дела 28:30, 31 за него пишува: „Со задоволство ги примаше сите што доаѓаа кај него и им го проповедаше Божјето царство“. Слично на тоа, можеме да ги привлечеме луѓето кон вистината со нашето љубезно однесување. Кога покажуваме љубезност кон сите, вклучувајќи ги и оние што ни се противат, можеме постепено да го омекнеме нивното срце и да им помогнеме да го сменат нивниот став кон нас (Рим. 12:20). Со текот на времето, можеби дури и ќе ја прифатат вистината од Библијата.

Во претстојниот рај на Земјата, безброј воскреснати без сомнение ќе бидат воодушевени кога ќе почувствуваат вистинска љубезност, и тоа можеби за првпат во својот живот. Од благодарност, тие ќе бидат поттикнати да покажуваат љубезност кон другите. Во тоа време, ако некој не покажува љубезност и не им помага на другите, нема да му биде дозволено да остане засекогаш во рајот. Од друга страна, на оние што ќе покажуваат љубезност, Бог ќе им дозволи да живеат вечно (Пс. 37:9-11). Тоа навистина ќе биде безбеден и мирољубив свет! Но, пред да дојде тоа прекрасно време, како може уште сега да ни користи тоа што покажуваме љубезност?

КАКО НИ КОРИСТИ ТОА ШТО СМЕ ЉУБЕЗНИ

Библијата вели: „Добродушниот човек ѝ прави добро на својата душа“ (Изр. 11:17). Луѓето обично сакаат да бидат блиски со некој што е љубезен кон нив, и поттикнати се и тие да бидат љубезни кон него. Исус рекол: „Со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери“ (Лука 6:38). Значи, оној што е љубезен лесно склопува пријателства кои траат долго.

Апостол Павле ги поттикнал членовите на собранието во Ефес да бидат милостиви, да имаат сомилост и спремно да си простуваат еден на друг (Еф. 4:32). Во едно собрание преовладува убава атмосфера кога неговите членови се љубезни и се трудат да си помагаат еден на друг. Таквите лица никогаш не користат груби зборови, остри критики или саркастични забелешки. Тие не оговараат, туку се обидуваат со своите зборови да ги зајакнуваат другите (Изр. 12:18). Како резултат на тоа, собранието напредува во духовен поглед и радосно му служи на Јехова.

Како што видовме, љубезноста е особина која се покажува и со збор и на дело. Кога покажуваме вистинска љубезност, ние ја одразуваме љубовта и великодушноста на нашиот Бог, Јехова (Еф. 5:1). Така помагаме да се зајакне нашето собрание и ги привлекуваме другите кон библиската вистина. Затоа, да се трудиме да бидеме познати како луѓе кои секогаш покажуваат љубезност!

a Изворниот грчки збор кој се користи за овој плод на духот, а кој на македонски е преведен со „љубезност“, има пошироко значење и може да се преведе со изрази како што се: милост, добродушност, добрина, чесност, пресретливост, услужливост, великодушност.

b За добрината ќе стане збор во една од наредните статии во кои се обработуваат плодовите на Божјиот свет дух.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели