„Мојата најголема желба“
ЕДНО одделение ученици од Врање (Југославија), добило задача да напише состав на горенаведената тема. Следи есејот на осумгодишниот Сергеј, чиј состав подоцна бил изложен во училиштето за да го прочитаат сите.
„На почетокот сакав да напишам дека мојата најголема желба е да го завршам училиштето со најдобри оценки и да отидам во Белград на годишен одмор. Но, дома размислував за нешто друго. Мојата најголема желба е целиот свет да живее во мир, сите луѓе да живеат среќно и да се сакаат и да си помагаат. Би сакал сите луѓе да бидат здрави и нашата планета да биде почиста отколку што е сега.
Денес Земјата е загадена со хемикалии. Загадени се и водата и воздухот. Во светот секојдневно умираат илјадници деца од глад и уште многу други умираат од болести. Би сакал сето тоа да исчезне и би сакал сите деца да ја чувствуваат љубовта на своите родители за да можат навечер да си легнуваат радосни и среќни, знаејќи дека секој претстоен ден ќе биде прекрасен. Ова не е возможно во овој свет, но ќе биде возможно во иднина. Тоа е мојата најголема желба.“
Што го уверило Сергеј дека овие работи ќе се остварат? Тој верува во Божјите ветувања кои се опишани во Библијата. Брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? ги опишува овие ветувања во делот со наслов „Прекрасниот нов свет создаден од Бог“. Можете да добиете примерок од оваа брошура ако го пополните и го испратите придужниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.