ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/2 стр. 3-4
  • Суеверие — колку е раширено денес?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Суеверие — колку е раширено денес?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Раширено како и секогаш
  • Суеверие — зошто е толку вкоренето?
    Разбудете се! 2000
  • Дали суеверието е во склад со библиските учења?
    Разбудете се! 2008
  • Дали суеверието го контролира твојот живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Живот под контрола на суеверието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/2 стр. 3-4

Суеверие — колку е раширено денес?

СЕ СЛУЧУВА насекаде — на работа, на училиште, во јавниот превоз и на улица. Вие кивнувате, а луѓе кои воопшто не ги познавате, обични минувачи, велат: „На здравје“. На многу јазици постојат слични изрази. Во Германија се вели „Гезундхајт“. Арапите велат „Јерхамак ала“, а некои Полинежани од Јужниот Пацифик велат „Тихеи маури орар“.

Верувајќи дека ова е само вообичаена учтивост вкоренета во општествениот бонтон, можеби и не сте размислувале многу за тоа зошто луѓето велат така. Сепак, овој израз има корени во суеверието. Во врска со тоа, Моира Смит, библиотекарка на Етнолошкиот институт на универзитетот Индијана во Блумингтон (Индијана, САД), вели: „Тој доаѓа од верувањето дека со кивањето ја исфрлате својата душа“. Да се рече „На здравје“, всушност, значи Бог да ја врати.

Се разбира, повеќето луѓе веројатно ќе се согласат со тоа дека е неразумно да се верува дека при кивањето душата излегува од телото. Затоа, не изненадува тоа што Webster’s Ninth New Collegiate Dictionary го дефинира суеверието како „верување или постапка која произлегува од незнаење, страв од непознатото, потпирање врз магиите или случајноста или, пак, од погрешна претстава за причините“.

Не е многу чудно тоа што еден лекар од 17-тиот век го нарекол суеверието од неговото време „простачка грешка“ на необразованите луѓе. Затоа, додека луѓето влегувале во 20-тиот век со неговите научни достигнувања, изданието на The Encyclopædia Britannica од 1910 со оптимизам го предвидувала времето кога „цивилизацијата [ќе биде] ослободена и од последната трошка на суеверие“.

Раширено како и секогаш

Тој оптимизам од пред осум децении немал основа, бидејќи изгледа дека суеверието е вкоренето поцврсто од кога и да е порано. Таквата долготрајност е карактеристична за него. Зборот „суеверие“ доаѓа од латинскиот супер, што значи „горе“, и старе, „што значи „стои“. Всушност, војниците кои преживувале во битките биле наречени суперститес, бидејќи ги надживувале другите војници во битката, на дословен начин „стоејќи“ над нив. Алудирајќи на ваквото потекло, книгата Superstitions (Суеверие) наведува: „Денес суеверието сѐ уште постои и покрај вековните обиди да биде уништено“. Разгледајте само неколку примери на вкоренетост на суеверието.

◻ По ненадејната смрт на градоначалникот на еден голем азиски град, деморализираниот персонал во неговата службена резиденција го советувал новиот градоначалник да се консултира со некој посебен видовит човек кој предлагал неколку промени во и околу комплексот. Персоналот сметал дека промените ќе ја спречат злата коб.

◻ Претседателката на една мултимилионерска компанија во Соединетите Држави постојано носи со себе еден посебен камен. Уште од првата успешна трговска презентација, таа не сака да излезе од дома без него.

◻ Пред да склучат големи деловни трансакции, азиските директори на претпријатија честопати бараат совет од некој гатач.

◻ Еден атлетичар, иако многу тренира, својата победа ја припишува на едно парче облека. Затоа и понатаму ја носи на следните натпревари — без да ја испере.

◻ Еден студент користи одредено пенкало додека полага испит и добива висока оцена. Оттогаш смета дека тоа пенкало е „среќно“.

◻ На денот на својата свадба, невестата внимателно го подготвува невестинското руво за да има „нешто старо, нешто ново, нешто позајмено и нешто сино“.

◻ Едно лице на слепо ја отвора Библијата и го чита текстот што прв му паѓа во очи, верувајќи дека тие зборови ќе му го дадат водството што му е потребно во тој момент.

◻ Додека еден џамбо-џет се спрема да полета од аеродромот, неколку патници се прекрстуваат. Други го бакнуваат медалјонот на „Свети“ Кристофер за време на летот.

Очигледно, дури и денес суеверието е многу раширено. Всушност, Стјуарт А. Вајс, вонреден професор по психологија на колеџот во Конектикат, во својата книга Believing in Magic—The Psychology of Superstition (Верување во магии — психологија на суеверието) наведува: „Иако живееме во технолошки напредно општество, денес суеверието е раширено како и секогаш“.

Денес суеверието е толку длабоко вкоренето што напорите да се искорени пропаднале. Зошто тоа е така?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели