ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/2 стр. 8-11
  • Суеверие — зошто е толку опасно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Суеверие — зошто е толку опасно?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Просветлувачка приказна
  • Опасен извор
  • Амајлии „за среќа“ и идолопоклонство
  • Како можеме да ја дознаеме иднината
  • Величествената иднина што ја ветува Бог
  • Дали суеверието е во склад со библиските учења?
    Разбудете се! 2008
  • Суеверие — зошто е толку вкоренето?
    Разбудете се! 2000
  • Дали суеверието го контролира твојот живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали е можна вистинска заштита?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/2 стр. 8-11

Суеверие — зошто е толку опасно?

ДАЛИ суеверието може да Ви наштети? Некои би можеле да ја отфрлат оваа помисла или, пак, да ја потценат опасноста. Сепак, во својата книга Верување во магии — психологија на суеверието, професор Стјуарт А. Вајс предупредува: „Суеверието може да го намали квалитетот на животот ако човек троши голема сума пари на видовити луѓе, гатачи, нумеролози или на оние кои гледаат на тарот карти или, пак, ако нечии суеверни ритуали помагаат да се одржи зависноста од коцкање“. Ако допуштиме суеверието да управува со нашиот живот, тоа може да има далеку посериозни последици.

Како што видовме, многу суеверија служат за да се намали стравот од иднината. Меѓутоа, важно е да се прави разлика помеѓу суеверието и вистинското познавање на она што лежи пред нас. Да разгледаме еден пример.

Просветлувачка приказна

Во 1503, после месеци истражување по должината на брегот на Централна Америка, Кристофер Колумбо успеал да ги извлече на брегот своите последни два брода на денешниот остров Јамајка. На почетокот островјаните доброволно им давале храна на насуканите истражувачи. Меѓутоа, со текот на времето, лошото однесување на морнарите ги натерало островјаните да престанат да ги снабдуваат со храна. Ситуацијата била критична, бидејќи требало да помине време додека дојде некој друг брод за да ги спаси.

Според приказната, Колумбо погледнал во својот астрономски календар и видел дека на 29 февруари 1504 ќе настане целосно затемнување на Месечината. Сметајќи на суеверието на островјаните, тој ги предупредил дека Месечината ќе ја покрие темнина ако не ја снабдат со храна неговата посада. Островјаните го игнорирале предупредувањето — сѐ додека не започнало затемнувањето! Тогаш, „со голем вик и плач“ тие „трчале кон бродовите од сите правци, натоварени со намирници“. Истражувачите биле снабдени со храна до крајот на нивниот престој.

Во очите на островјаните, Колумбо направил голема магија. Но, нивниот заклучок бил резултат на обично суеверие. Во реалноста, тоа „претскажување“ се темелело на доследното движење на Земјата, Месечината и Сонцето. Астрономите можат долго време однапред со сигурност да ги предвидат таквите работи како што се затемнувањата на небесните тела и овие информации ги има во астрономските календари. Понатаму, прецизните движења на небесните тела им овозможуваат на астрономите да ја одредат нивната точна позиција во секој даден момент. Затоа, кога во весникот е најавено времето на изгревот и на залезот на Сонцето, Вие го прифаќате тоа како факт.

Големиот Творец на небесните тела, всушност, е изворот на информациите кои се објавуваат во врска со тоа кога ќе настапи некое затемнување или кои се однесуваат на изгревот и залезот на Сонцето. Но, предвидувањата на гатачите, на видовитите луѓе и на оние што гледаат во кристална топка и на тарот карти доаѓаат од еден поинаков извор кој е сосема спротивен на Семоќниот Бог. Да разгледаме што мислиме со ова.

Опасен извор

Светиот извештај од Дела 16:16—19 (NW) кажува дека „една слугинка“ во древниот град Филипи им донесувала на своите господари голема добивка со нејзината ‚уметност на претскажување‘. Сепак, извештајот јасно вели дека изворот на нејзините претскажувања не бил семоќниот Творец туку еден „гатачки демон“. Затоа, кога апостол Павле го истерал демонот, слугинката ја изгубила моќта на претскажување.

Кога ќе сфатиме дека таквите претскажувања доаѓаат од демонски извор, јасно ни е зошто Божјиот закон за Израел наведувал: „Да не се најде пред тебе човек . . . да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци . . . зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа“ (5. Мојсеева 18:10—12). Всушност, според Законот таквите практики се казнувале со смрт (3. Мојсеева 19:31; 20:6).

Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека зад многу навидум безопасни суеверни практики стојат зли сили. Сепак, Библијата вели дека Сатана „се преобразува во ангел на светлината“ (2. Коринтјаните 11:14). Сатана и демоните кои се под негова контрола можат да направат опасните практики да изгледаат безопасни, па дури и корисни. Понекогаш, тие можат да даваат предзнаци и да предизвикаат тие да се исполнат, наведувајќи ги набљудувачите да мислат дека тие знаци се од Бог. (Споредете Матеј 7:21—23; 2. Солунјаните 2:9—12.) Ова објаснува зошто понекогаш се исполнуваат некои претскажувања што ги даваат оние кои тврдат дека имаат посебни сили.

Се разбира, многумина, ако не и повеќето од оние кои тврдат дека поседуваат посебни сили се измамници, обични шарлатани кои сакаат да извлечат пари од невнимателните. Но, сеедно дали станува збор за измамници или не, сите нив Сатана делотворно ги користи за да ги сврти луѓето против Јехова, заслепувајќи ги за „славната добра вест“ (2. Коринтјаните 4:3, 4, NW).

Амајлии „за среќа“ и идолопоклонство

А што е со амајлиите „за среќа“ и суеверните рутини што луѓето ги користат за да стекнат чувство на сигурност и контрола над случајните настани во животот? Тие кријат неколку подмолни опасности. Како прво, суеверното лице би можело, всушност, да им ја препушти на невидливите сили контролата врз својот живот. Тој ги фрла во ветар логиката и разумот и наместо тоа се препушта на неразумни стравови.

Еден писател наведува една друга својствена опасност. Тој вели: „Кога некој смета дека амајлијата за среќа ќе го заштити но таа не успее, би можел да почне да ги обвинува постапките на другите за [својата] несреќа наместо самиот да ја преземе одговорноста“. (Споредете Галатјаните 6:7.) Интересно е тоа што есеистот Ралф Валдо Емерсон еднаш изјавил: „Плитките луѓе веруваат во среќа . . . Силните луѓе веруваат во причина и последица“.

‚Причината и последицата‘ кои дејствуваат во нашите животи честопати се сведуваат на случајни настани — на „времето и приликите“ кои нѐ снаоѓаат сите нас (Проповедник 9:11). Случајните настани не се последица на своеволните каприци на „несреќата“. Христијаните знаат дека суеверните постапки и магичните амајлии не влијаат врз исходот на случајните настани. Кога ќе се случат, потсетени сме на библиската вистина: „Вие, кои не знаете, што ќе стане утре: оти, што е вашиот живот? Тој е пара, која се појавува за кратко време, па исчезнува“ (Јаков 4:14).

Освен тоа, вистинските христијани знаат дека на амајлиите за среќа, како и на суеверните ритуали и постапки, честопати им се посветува побожно внимание. Затоа, во очите на христијаните сето тоа е облик на идолопоклонство, кое е јасно осудено во Божјата реч (2. Мојсеева 20:4, 5; 1. Јованово 5:21).

Како можеме да ја дознаеме иднината

Ова не значи дека христијаните не се заинтересирани за иднината. Напротив, здравото расудување покажува дека навистина вреди да знаеме што лежи пред нас. Ако однапред знаеме што ќе се случи, можеме да преземеме исправни чекори во наша корист и во корист на нашите сакани.

Но, навистина е потребно да ги побараме овие информации од исправен извор. Пророкот Исаија предупредил: „Луѓето ќе ви речат да барате пораки од претскажувачите и од медиумите . . . Вие треба да им одговорите: ‚Послушајте што ве учи Господ! Не слушајте медиуми — она што ќе ви го кажат тие нема да ви биде од корист‘“ (Исаија 8:19, 20, Today’s English Version).

Исправниот извор на точни информации за иднината е Авторот на Библијата (2. Петрово 1:19—21). Оваа инспирирана книга содржи изобилство докази дека пророштвата што ги дал семоќниот Бог, Јехова, се сигурни — всушност толку сигурни како и движењата на небесните тела кои се „претскажани “ во безбројните астрономски календари. За да ја илустрираме деталната точност на библиското пророштво, да разгледаме еден пример. Да претпоставиме дека некоја важна личност денес јавно претскажува настани 200 години однапред, за 2200 година. Нејзиното претскажување ги содржи следниве детали:

◻ Ќе избувне голем воен судир помеѓу нациите кои сѐ уште не се сопернички светски сили и резултатот ќе ја промени историјата.

◻ Стратегијата што ќе се употреби вклучува еден огромен инженерски подвиг кој ќе го смени текот на една голема река.

◻ Дадено е името на освојувачот — многу години пред да се роди.

◻ Опишана е конечната судбина на губитникот, со што претскажувањето се протега со векови во иднината.

Ако се обистинат сите овие предвидувања, зарем луѓето не би биле поттикнати да ги разгледаат и другите работи што оваа личност ги рекла во врска со иднината?

Она што го опишавме сега навистина се случило. Околу 200 години пред поразот на Вавилон од страна на Мидијците и Персијците, преку својот пророк Исаија, Јехова го прорекол следново:

◻ Помеѓу Медо-Персија и Вавилон ќе избие голем воен судир (Исаија 13:17, 19).

◻ Стратегијата што ќе се употреби ќе вклучува исушување на ендекот на реката која служела како одбрана. Освен тоа, портите на утврдениот град ќе бидат оставени отворени (Исаија 44:27—45:2).

◻ Името на освојувачот ќе биде Кир — проречено околу 150 години пред неговото раѓање (Исаија 45:1).

◻ Со текот на времето, од Вавилон ќе останат само урнатини (Исаија 13:17—22).

Сите овие претскажувања се исполниле. Зарем не вреди да разгледате и други пророштва што ги дал Јехова во својата пишана Реч?

Величествената иднина што ја ветува Бог

Што претскажува Библијата? Библијата ветува дека во Божјиот нов свет никој нема да се измачува заради несигурност во поглед на иднината. Забележете што им гарантира Бог на оние што ќе живеат во тоа време: „Никој нема да ги плаши [моите луѓе]“ (Михеј 4:4).

Понатаму, Библијата ветува дека Бог ќе ‚ја отвори раката Своја и ќе исполни сѐ што е живо со сите негови потреби‘ (Псалм 144:16). Дали ова ветување ќе се исполни во далечната иднина? Не! Многу однапред Библијата претскажала дека токму овие услови кои денес ги гледаме на земјата се доказ дека живееме во „последните денови“ на сегашниов злобен систем (2. Тимотеј 3:1—5).

Наскоро Творецот кој е полн со љубов ќе стави крај на овие злобни услови. Ќе стави крај на сите војни, кои се извор на несигурноста и страдањето во светот. Освен тоа, омразата, себичноста, криминалот и насилството засекогаш ќе станат само минато. Библијата ветува: „Кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:10, 11).

Доброто здравје е еден од многуте благослови во кои ќе уживаат луѓето во овој нов свет. Повеќе нема да има смрт ниту, пак, нејзиниот придружник жалоста. Самиот Бог вели: „Ете, сѐ ново создавам“ (Откровение 21:4, 5).

Во тоа време ниеден човек нема да биде потчинет на случајни настани кои ги менуваат и ги уништуваат животите денес. Ќе ги нема ниту злите демони и Сатана, кои се извор на суеверни стравови и злобни лаги. Овие возбудливи вистини се наоѓаат во Библијата.

[Слики на страници 8 и 9]

Суеверието и спиритистичките практики се тесно поврзани

[Извор на слика]

Освен жената во кристална топка: Фотографии на Les Wies/Tony Stone

[Слика на страница 10]

Во Божјиот нов свет нема да постои суеверие

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели