ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/3 стр. 22-23
  • Дали трите цара отишле кај Исус во Витлеем?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали трите цара отишле кај Исус во Витлеем?
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали биле цареви?
  • Дали биле тројца?
  • Популарна, но неточна приказна
  • Раѓање што треба да се памети
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали кај Исус навистина дошле тројца мудреци?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/3 стр. 22-23

Гледиште на Библијата

Дали трите цара отишле кај Исус во Витлеем?

ПО ИСУСОВОТО раѓање, видни личности од Ориентот дошле во Витлеем за да му укажат почит како на цар на Евреите. До денешен ден, многу луѓе ширум светот кои го празнуваат Божиќ, ја прославуваат и оваа посета.

Во некои места луѓето поставуваат сцени од Христовото раѓање на кои се прикажани посетителите од Ориентот како три цара кои доаѓаат кај новороденчето Исус со подароци. Во други земји, пак, децата парадираат низ соседството облечени во облеките на „Светите цареви“. Дури и после 20 века, луѓето насекаде сѐ уште се сеќаваат на овие необични посетители. Но, кои биле тие?

Дали биле цареви?

Историскиот извештај за овој настан се наоѓа во библиската книга Матеј. Во неа читаме: „По раѓањето на Исус . . . астролози од исток дојдоа еден ден во Ерусалим и се распрашуваа: ‚Каде е новородениот цар на Евреите? Видовме кога се појави неговата ѕвезда и дојдовме да му се поклониме‘“ (Матеј 2:1, 2, New American Bible). Зошто овој библиски превод ги нарекува посетителите од исток астролози, а не цареви?

Овде Писмото го користи множинскиот облик на грчкиот збор магос. Различни преводи на Библијата го преведуваат со „мудреци“, „астролози“ или „гледачи на ѕвезди“, или едноставно го транслитерираат како „маги“. Овој збор се однесува на оние кои даваат совети и предвидувања на темел на положбата на ѕвездите и планетите. Значи, Библијата ги означува посетителите во Витлеем како гатачи, кои користеле окултни практики што Бог не ги одобрува (5. Мојсеева 18:10—12).

Дали тие биле и цареви? Ако е така, разумно е да се очекува дека Библијата би ги означила како такви. Матеј 2:1—12 го користи зборот „цар“ четири пати, еднаш осврнувајќи се на Исус и три пати на Ирод. Но, ниту еднаш магесниците не се наречени цареви. Во овој поглед, The Catholic Encyclopedia наведува: „Ниту еден црковен Отец не мисли дека магесниците биле цареви“. Тоа не е случај ни со Библијата.

Дали биле тројца?

Бројот на магесниците не е спомнат во библискиот извештај. Сепак, сцените од Христовото раѓање и божиќните песни ја поткрепуваат општо прифатената традиција дека биле тројца. Очигледно, ова произлегува од фактот што имало три вида подароци. Во врска со нив, Библијата вели: „Кога ги отворија своите ковчежиња, Му принесоа [на Исус] дарови: злато, ливани и измирна“ (Матеј 2:11).

Дали е разумно да се заклучи дека мора да имало тројца магесници затоа што дале три различни подароци? Да го разгледаме извештајот на еден друг угледен посетител на Израел. Во една прилика, царицата од Саба го посетила царот Соломон и му подарила „благопријатни мириси, со многу злато и скапоцени камења“ (3. Царства 10:2). Иако станува збор за три различни видови подароци, само царицата од Саба е спомната дека ги подарува. Бројот на нејзините подароци не покажува дека во таа прилика кај Соломон дошле тројца луѓе. Слично на тоа, трите подароци што му биле дадени на Исус немаат никаква врска со бројот на луѓето што ги донеле.

The Catholic Encyclopedia забележува: „Расказот во евангелието не го спомнува бројот на магесниците и не постои некоја одредена традиција во врска со тоа. Некои Отци зборуваат за тројца магесници; на нив веројатно влијаел бројот на подароците“. Понатаму спомнува дека разни уметнички дела прикажуваат двајца, тројца, четворица, па дури и осуммина кои го посетуваат Исус. Некои традиции велат 12. Едноставно не постои начин за да се потврди бројот на магесниците.

Популарна, но неточна приказна

Спротивно на популарното верување, по Исусовото раѓање магесниците најнапред отишле во Ерусалим, а не во Витлеем. Тие не биле присутни кога се родил Исус. Подоцна, кога отишле во Витлеем, Библијата вели дека ‚штом влегле во куќата, го виделе детенцето‘ (Матеј 2:1, 11, NW). Значи, јасно е дека во времето кога магесниците отишле кај Исус, неговото семејство се сместило во вообичаено живеалиште. Тие не го нашле како лежи во јасли.

Од гледна точка на Писмото, популарната приказна за трите цара кои му оддале чест на Исус кога се родил не е точна. Како што беше спомнато погоре, Библијата учи дека магесниците кои отишле кај Исус не биле цареви туку астролози кои се занимавале со окултизам. Извештајот од Писмото не кажува колкумина биле. Исто така, тие не отишле кај Исус во времето кога се родил и бил ставен во јасли, туку нешто подоцна, кога неговото семејство живеело во куќа.

Популарниот расказ за трите цара, како и други традиционални божиќни приказни, иако според Писмото не се точни, обично се сметаат за безопасни празнични приказни. Меѓутоа, христијаните многу го ценат обликот на обожавање кој е ослободен од невистини. Така мислел и самиот Исус. Во молитва до својот Татко, во една прилика рекол: „Твоето слово е вистина“ (Јован 17:17). Рекол дека „вистинските обожаватели ќе го обожаваат Таткото со дух и вистина, зашто, навистина, Таткото бара такви да го обожаваат“ (Јован 4:23, NW ).

[Слика на страница 23]

„Обожавањето на магесниците“ (Италија)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели