,Ми помогна да го преиспитам својот живот‘
ОВА го рекла една 18-годишна девојка по име Марија од градот Череповец во врска со книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. Таа го напишала следново до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во близината на Ст. Петерсбург (Русија), оддалечена околу 400 километри од Череповец:
„Оваа публикација ми помогна да се преиспитам себеси, моите цели и луѓето околу мене. Најдов одговори на прашањата што најмногу ме интересираат. Додека ја читав книгата, по образите ми течеа солзи на благодарност“.
Марија додала: „Тоа беше како да ми се тргна превез од очите, кои ми беа широко отворени од возбуда. Ова е најдобрата книга што сум ја прочитала во мојот живот. Ниедна друга не може да се спореди со неа, бидејќи таа се темели на Библијата, а советите на Јехова Бог се најдобри“.
Ако сакате и Вие да извлечете корист од информациите што се наоѓаат во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, можете да добиете еден примерок ако го пополните и испратите придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми ја книгата Младите прашуваат — делотворни одговори.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.