Зошто е моралната криза
МИНАТИОТ октомври, еден писател од Лоха (Еквадор), изразил ценење за службата на Јеховините сведоци. Меѓу другото, тој забележал:
„Една од најголемите чуми што го измачуваат човештвото е моралната криза . . . Изгледа дека луѓето заборавиле да ги исполнуваат Десетте заповеди и ја игнорираат својата совест, а сето тоа спречува да постои разбирање меѓу луѓето. Насекаде и секојдневно слушаме за омраза, насилство, криминал, трговија со дрога, тероризам и непочитување на човечкото достоинство . . .
Јеховините сведоци ненаметливо ја извршуваат својата должност мирољубиво и спокојно, посетувајќи ги своите ближни од врата до врата и нудејќи им две прекрасни списанија, Стражарска кула и Разбудете се!, во кои се објавуваат многу интересни статии. Особено Разбудете се! обработува најразлични интересни теми со непобитна научна и културна содржина. Сето тоа е напишано со извонредна јасност и точност“.
Денешната морална криза е очигледна, но, како што е наведено на 4. страница од ова списание во делот „Зошто се издава Разбудете се!“, Разбудете се! „не ја допира само површината туку укажува и на вистинското значење на денешните настани“. Брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? признава дека луѓето страдаат, но прави и нешто повеќе. Таа покажува зошто постои моралната криза со нејзините страшни последици. Што е уште поважно, ни открива на кој начин наскоро ќе дојде до олеснување.
Можете да нарачате еден примерок од оваа утешна брошура од 32 страници ако го пополните и испратите придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на страница 5 од ова списание.
□ Испратете ми примерок од брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.