ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/10 стр. 32
  • Помош кога ќе умре некој сакан

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помош кога ќе умре некој сакан
  • Разбудете се! 2001
Разбудете се! 2001
g01 8/10 стр. 32

Помош кога ќе умре некој сакан

Пред неколку години, Јеховините сведоци издадоа една брошура во која беше разгледан предизвикот на справување со смртта на некој сакан. Неодамна беше добиено писмо од една благодарна читателка од Сојузна Република Југославија, која напишала: „Од сѐ срце би сакала да Ви се заблагодарам за брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. Таа навистина го разработува секој детаљ од загубата на некој сакан“.

Читателката објаснила: „Кога го изгубив мојот брат во сообраќајна несреќа, оваа брошура ми даде ‚прва помош‘. Делот ‚Неколку практични предлози‘ на 18. страница навистина ми беше утеха. Меѓутоа, по четири месеци почнав да чувствувам многу длабока болка придружена со носталгија. Се плашев дека моето емоционално здравје е во опасност.

Повторно ја прочитав оваа брошура и на 9. страница во рамката ‚Период на жалење‘ забележав дека периодот на стабилизација е придружен со тага и носталгија. Навистина бев утешена. Ви благодарам за нежната милост што ја покажувате преку оваа брошура“.

Можеби Вие или некој што го познавате исто така би се утешил кога би ја прочитал оваа брошура од 32 страници. Можете да нарачате примерок ако го пополните и испратите придружниот купон на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Испратете ми примерок од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш . . .

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели