ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/1 стр. 31
  • Дрвото што се буди рано

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дрвото што се буди рано
  • Разбудете се! 2002
  • Сличен материјал
  • Остани буден како Еремија!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Господовите дрва се наситија со храна“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Спомнувај си за твојот Голем Творец!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Ароновиот стап цвета
    Мојата книга со библиски приказни
Разбудете се! 2002
g02 8/1 стр. 31

Дрвото што се буди рано

КОН крајот на јануари и во почетокот на февруари, многу терасовидни падини во Израел доживуваат драматична промена. Будејќи се од својот зимски сон, бадемовите дрвја наеднаш почнуваат да цветаат. Бидејќи ова дрво е едно од првите што цветаат, бадемот обично доминира на сцената. Неговите бели и розови цветови го разубавуваат зимскиот пејзаж, потсетувајќи нѐ на Соломоновите зборови од Проповедник 12:5. Таму Соломон ја споредува белата коса на староста со ‚бадем во цутење‘.

Со оглед на предвременото цветање на бадемот, хебрејскиот збор за бадем соодветно го има буквалното значење „оној што се буди“. Затоа е употребен во Библијата во повеќе силни илустрации. На пример, пророкот Еремија во визија видел ластарка, односно гранка од бадемово дрво. Што претставувала таа? „Јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам“, му рекол Јехова (Еремија 1:11, 12). Се разбира, Јехова никогаш не се уморува ниту, пак, спие. Но, неговите зборови ја нагласиле желбата да го заврши своето дело (Исаија 40:28).

Со векови пред времето на Еремија бил употребен расцветан бадемов стап за да биде идентификуван оној што Јехова го наименувал како првосвештеник. Во шаторот за состаноци пред Јехова бил ставен стап за секое од 12-те племиња на Израел. Следното утро бадемовиот стап на Арон не само што чудесно расцутел туку дал и зрели бадеми! Овој бадемов стап извесно време се чувал во ковчегот на сојузот како знак за целата нација дека никогаш повторно не треба да мрмори против Јеховините наименувани претставници (Броеви 16:1—3, 10; 17:1—10; Евреите 9:4).

Јехова сакал резби на прекрасните бадемови цветови да ги украсуваат златните свеќници со седум гранки, кои ја осветлувале Светињата во шаторот за обожавање. Според описот што го запишал Мојсеј, „на едната гранка беа три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со својата чашка и цвет. Така беше на сите шест гранки што излегуваат од светилникот. На самиот светилник имаше четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет“ (Излез 37:19, 20).

Иако Библијата само неколку пати го спомнува бадемот, таа го насочува нашето внимание врз неговите прекрасни бели цветови и неговото рано будење. Ова привлечно дрво нѐ потсетува, пред сѐ, на тоа дека Јехова нема да запре сѐ додека не ја исполни својата намера (Исаија 55:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели