ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/1 стр. 32
  • Статијата дојде токму навреме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Статијата дојде токму навреме
  • Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2002
g02 8/1 стр. 32

Статијата дојде токму навреме

„БИ САКАЛА да Ви се заблагодарам за статијата ‚Точки пред очите?‘ во изданието на Разбудете се! од 8 септември 2000“, пишува Глорија, која живее во Квебек (Канада). „Пред неколку години забележав мали точки и ми рекоа дека тоа е нормално. Неодамна почнав да гледам уште повеќе точки и тоа ме вознемири.

Во статијата пишуваше дека, ако забележите дека се појавуваат сѐ повеќе точки, подобро е да појдете на преглед на очите. Токму тоа и го сторив. Појдов на офтамолог и тој откри гребнатинка на мрежницата. Лекарот препорача мала ласерска хируршка интервенција и се обиде да ми ја објасни постапката. Му ја покажав илустрацијата на окото на 28. страница од Разбудете се! Тој ја употреби за да ми објасни сѐ, а потоа ја погледна насловната страница и рече: ‚Аха, Разбудете се!  ‘ и го стави списанието во својата архива.

Операцијата беше успешна и многу сум среќна. Благодарение на Разбудете се! токму навреме ја забележав оваа гребнатинка, инаку мрежницата лесно можеше да се откачи уште повеќе.“

Иако Разбудете се! не е медицинско списание, честопати содржи информативни извештаи за здравјето и медицината. Иако дури и најдоброто медицинско лекување не може да ни даде совршено здравје, Творецот на човечкото тело ни дава таква гаранција. Како има намера да го излечи човештвото? Можеме ли да имаме доверба во неговите ветувања?

На овие и на други прашања ќе најдете одговор во брошурата од 32 страници Се грижи ли Бог навистина за нас? Особено ќе уживате во 10. дел, со наслов „Прекрасниот нов свет создаден од Бог“. Можете да ја нарачате оваа брошура ако го пополните придружниот купон и ако го испратите на приложената адреса или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Испратете ми еден примерок од брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас?

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели