ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/6 стр. 31
  • Ѓаволот — злобна реалност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ѓаволот — злобна реалност?
  • Разбудете се! 2002
  • Сличен материјал
  • „Спротивставете му се на Ѓаволот“ исто како Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Спротивставете му се на Сатана, и тој ќе побегне!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Ѓаволот — повеќе отколку само суеверие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали навистина постои Ѓавол?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/6 стр. 31

Ѓаволот — злобна реалност?

ВО МНОГУ религиозни кругови Ѓаволот почнал да се смета за суеверна реликвија — измислица на човекот. Затоа, Диониџи Тетаманци, надбискуп од Ѓенова — еден од водечките кардинали во Италија — предизвикал прилична возбуда со своето пасторско писмо од 40 страници за тоа како да се победи Ѓаволот. Тој наброил „10 заповеди“.

Прва: „Не заборавај дека ѓаволот постои“, бидејќи неговата „прва лага“ е да нѐ „натера да веруваме дека не постои“.

Втора: „Не заборавај дека ѓаволот е искушувач . . . Не сметај дека си имун или неповредлив“.

Трета: „Не заборавај дека ѓаволот е многу интелигентен и итар. Тој и понатаму заведува со тоа што ги фасцинира другите, како што било случај и со првиот човек“.

Четврта: „Биди буден: со очите и со срцето. И биди цврст: во духот и во доблеста“.

Петта: „Цврсто верувај во победата на Христос над искушувачот“ затоа што тоа „ќе те направи сигурен и спокоен дури и пред најсилниот напад што може да биде насочен против тебе“.

Шеста: „Не заборавај дека Христос те зема како придружник во неговата победа“.

Седма: „Продолжи да ја слушаш Божјата реч“.

Осма: „Биди понизен и биди спремен да го прифатиш понижувањето“.

Деветта: „Секогаш моли се, без да се умориш“, за да го надминеш искушението.

Десетта: „Обожавај го Господа твојот Бог и само нему принесувај му обожавање“.

Каков ефект имало ова пасторско писмо? Неговите совети не биле радосно дочекани од миланскиот центар за теолошки студии. Овој центар приговарал дека таквата „теолошка формација има средновековен карактер“. Според еден говорник, „префрлањето на целата вина врз ѓаволот би придонело да се отстрани од луѓето нивната [сопствена] одговорност“.

Иако Библијата не ги ослободува луѓето од одговорноста за нивните постапки, таа јасно го идентификува Сатана Ѓаволот како „богот на овој систем на работи“, оној што го искушувал Исус. Исто така, таа ја открива моќта на Сатана и неговата намера да ‚им ги заслепи умовите на неверниците‘ (2. Коринќаните 4:4; Матеј 4:1—11).

Всушност, како што напишал апостол Павле, Сатана е ‚како разрикан лав, кој бара некого да проголта‘ (1. Петрово 5:8). Не е чудно што апостол Јован ги потсетил верниците: „Знаеме дека потекнуваме од Бог, а целиот свет лежи во власта на злобниот“ (1. Јованово 5:19). Ќе биде мудро да не ги игнорираме овие предупредувања од Писмото.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели