„Дојде во вистинскиот момент“
ОВА го рекол еден човек од градот Абакалики во едно писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Нигерија. Тој мислел на брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш, која му била дадена неодамна. Тој објаснил:
„Ја изгубив мојата сакана жена, Точи, кратко откако се породи, на 18 јуни 2000. Повеќе од еден месец подоцна сѐ уште не се бев созел од шокот, замаеноста, празнината и неверувањето во една од најтрауматичните трагедии што ми се случила досега. Потоа, во јули, еден Јеховин сведок ми даде примерок од Вашата публикација Кога ќе умре некој што го сакаш. Оваа брошура ми беше како лек и постепено почнувам да го прибирам она што ми остана од животот — благодарение на советот што го дава таа. Навистина ми ја врати надежта и ме натера да сфатам дека на крајот на темниот тунел има светлина“.
Можеби Вие или некој што го познавате исто така ќе добие утеха ако ја прочита оваа брошура од 32 страници. Можете да побарате примерок ако го пополните придружниот купон и ако го испратите на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Испратете ми еден примерок од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.