Писмо од некој сакан
Една читателка од Њујорк ја споредила книгата Приближи му се на Јехова со писмо од некој сакан, објаснувајќи: „Секое поглавје едноставно ти го допира срцето и те исполнува со љубов кон Јехова“. Таа додала: „Сега, кога ја прочитав целата книга, едвај чекам да почнам одново да ја читам, исто како што човек одново би прочитал писмо од некого што многу го сака“. Видете што имале да кажат и други.
Една читателка од Канзас забележала: „Навистина чувствувам како станувам поблиска со мојот небесен Татко. Моето срце едноставно се исполнува со љубов . . . Едвај чекам секое утро да читам уште повеќе од неа и ќе ја препрочитам повеќе пати“.
Една жена од Мејн напишала: „Книгата многу ми помогна уште повеќе да го гледам Јехова како реална личност! Колку само утешна е изјавата на 74. страница: ‚За оние што умираат, не постои побезбедно место отколку во Божјето сеќавање‘ “. Еден писателка од Алјаска се согласува: „Толку длабоко ме трогна што ми потекоа солзи“. Таа додала: „Сигурно ќе ја читам и ќе ја користам постојано“.
Уверени сме дека и Вие ќе го мислите истото ако ја прочитате оваа книга. По трите воведни поглавја, книгата е поделена на четири дела со наслови: „Силен во моќта“, „Ја љуби правдата“, „Мудар со срцето“ и „Бог е љубов“. Таа завршува со поглавјето „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“.
Можете да ја нарачате оваа книга со меки корици од 320 страници ако го пополните овој купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Би сакал да добијам примерок од книгата Приближи му се на Јехова
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.