ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/12 стр. 32
  • Книга за младите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Книга за младите
  • Разбудете се! 2003
Разбудете се! 2003
g03 8/12 стр. 32

Книга за младите

Една студентка од универзитетот во Архангелск испратила писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Русија. Објаснила дека на улица некој ѝ дал списание што го издале Сведоците. „Тоа ме натера да размислувам за животот и што знам за Бог и за религијата“, напишала таа. „Сега сакам да ја проучувам Библијата. Сакам да научам повеќе за личноста која, без да познава никого од нас, го дала својот живот за нашите гревови и за наше спасение.“

Во писмото понатаму стои: „Вие извршувате едно многу потребно дело, особено со тоа што им ја објаснувате на децата разликата помеѓу доброто и лошото. Тие се како сунѓери што впиваат сѐ што е околу нив и потоа се менуваат за да се вклопат во средината“. Студентката имала помал брат и помала сестра, и побарала примерок од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори. „Се надевам дека таа ќе им помогне во училиштето а и во животот“, рекла таа.

И Вие можете да добиете примерок од оваа книга, која особено е наменета да им помогне на младите во проблемите со кои се соочуваат денес. Само пополнете го придружниот купон и испратете го на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Би сакал да добијам примерок од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори.

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели