ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/1 стр. 22-24
  • Пињата — древна традиција

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пињата — древна традиција
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потеклото на пињата
  • Пињатата денес
  • Содржина
    Разбудете се! 2004
  • Божиќните обичаи — дали се христијански?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Да се служи со цела душа и покрај испитите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Древните обичаи во денешно Мексико
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/1 стр. 22-24

Пињата — древна традиција

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

КАЈ децата од соседството има фиеста. Можеме да ги чуеме нивните восхитени гласови како извикнуваат: „Дале! Дале! Дале!“ (Удри го! Удри го! Удри го!) Ѕиркаме во нивниот двор и забележуваме дека едно шарено магаренце направено од картон виси обесено помеѓу две дрвја. Едно дете со врзани очи удира по магарето со стап, обидувајќи се да го скрши. Гостите воодушевено го храбрат. На крајот магарето се крши и од него излегуваат бонбони, овошје и играчки. Со голема смеа, сите се растрчуваат да ги соберат подароците. Изгледа многу забавно. Ни велат дека магаренцето е наречено пињата и дека во Мексико и во некои други латиноамерикански земји е традиција на прославите да се крши пињата.

Се прашуваме зошто пињатата е толку популарна. Какво е нејзиното потекло? Дали кршењето пињата има некакво посебно значење? Одлучивме да го истражиме тоа.

Потеклото на пињата

Општо прифатено е мислењето дека Кинезите можеби биле први што користеле нешто слично на пињата како дел од нивната новогодишна прослава, која го одбележувала и почетокот на пролетта. Тие правеле фигури на крави, волови и биволи, ги обложувале со шарена хартија и ги полнеле со пет различни видови семиња. За да се скршат фигурите се користеле шарени прачки. Украсната хартија со која биле обложени фигурите се палела, а пепелот се собирал и се чувал за среќа во текот на претстојната година.

Се мисли дека во 13 век, венецијанскиот патник Марко Поло го донел овој обичај од Кина во Италија. Таму го добил сегашното име, кое доаѓа од италијанскиот збор пињата, односно кршлив сад, кој се полнел со дрангулии, накит или бонбони наместо со семиња. Потоа оваа традиција се раширила и во Шпанија. Станало обичај да се крши пињата на првиот ден недела од Велигденските пости.a Изгледа дека во почетокот на 16 век, шпанските мисионери ја пренеле пињатата во Мексико.

Меѓутоа, мисионерите можеби биле изненадени (како што бевме изненадени и ние) кога откриле дека домородното население на Мексико веќе имало слична традиција. Ацтеките го прославувале роденденот на Вицилопочтли, нивниот бог на сонцето и војната, на тој начин што на крајот на годината на еден столб во неговиот храм ставале глинен сад. Садот го украсувале со шарени пердуви и го полнеле со ситни скапоцености. Потоа го кршеле со стап, а скапоценостите што се истурале претставувале жртва за кипот на богот. И Маите имале една игра во која учесниците со врзани очи удирале глинен сад што висел на конец.

Како дел од нивната стретегија на преобраќање на Индијанците во христијани, шпанските мисионери вешто ја искористиле пињатата како симбол, меѓу другото, за борбата на христијанинот против Ѓаволот и гревот. Традиционалната пињата била глинен сад обложен со шарена хартија и имала облик на ѕвезда со седум краци од кои виселе украсни реси. Се велело дека овие краци ги претставуваат седумте смртни гревови: алчност, ненаситност, мрзливост, гордост, завист, гнев и страст. Удирањето на пињатата со затворени очи ја претставувало безусловната вера и силната волја да се совлада искушението или злото. Награда за тоа биле подароците што биле во пињатата.

Пињатата денес

Подоцна пињатата станала дел од празникот посадасb за време на Божиќ, а така е и до ден-денес. (Пињата во облик на ѕвезда се користи за да се претстави ѕвездата што ги водела астролозите до Витлеем.) И роденденските прослави не смеат да поминат без да се крши пињата. Всушност, пињатите станале толку познати како мексиканска традиција што дури и се извезуваат од Мексико во други земји.

Увидовме дека за многу луѓе во Мексико, пињатата го изгубила религиозното значење и дека повеќето луѓе ја сметаат само за безопасна забава. Всушност, во Мексико има пињати на многу забави, а не само на посадас или на родендени. Исто така, пињати можат да се купат и во многу други облици освен во традиционалниот облик на ѕвезда. Понекогаш личат на животни, цвеќиња или кловнови.

Кога христијаните размислуваат дали да има пињата на некој друштвен собир, треба да ја земат предвид совеста на другите (1. Коринќаните 10:31—33). Не е најважно што значел овој обичај пред стотици години туку како се гледа на него во Вашето место денес. Се разбира, гледиштата се разликуваат од место до место. Затоа, мудро е да се избегнува да се прави големо спорно прашање од такви работи. Библијата вели: „Никој да не ја бара својата корист, туку користа на другиот“ (1. Коринќаните 10:24).

[Фусноти]

a Во некои религии, како што е католичката, Велигденските пости се 40-дневен период на покајание што достигнува кулминација со прославите на Света недела пред Велигден.

b Во Мексико, посадас е деветдневна прослава пред Божиќ, во која се глуми како Јосиф и Марија бараат посада, односно преноќиште. Како кулминација на оваа прослава, секоја од деветте вечери се крши пињата.

[Слика на страница 23]

Кога размислувате дали да има пињата на некој друштвен собир, бидете обѕирни кон совеста на другите

[Слика на страница 23]

Има пињати во секакви облици и големини

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели