„Секој мора да ја прочита“
Еден читател од Калифорнија (САД) ја дал оваа изјава за книгата Приближи му се на Јехова. „Добро е напишана, прекрасно илустрирана и полна со многу духовни скапоцени камења“, изјавил тој. Потоа заклучил со зборовите: „Многу Ви благодарам за оваа прекрасна книга за нашиот величествен Бог“.
И други дале слични коментари како, на пример: „Сега, откако ја прочитав, малку ми е жал што ја завршив. Но, со радост ќе ја прочитам повторно — овој пат ќе ја проучам внимателно и длабоко ќе медитирам за нејзината содржина“.
Трет, пак, напишал: „Информациите за сочувството на нашиот Бог и за неговата спремност да прости длабоко ме трогнаа и направија навистина да се чувствувам поблиску до нашиот небесен Татко и Животодавец“.
Уверени сме дека повеќе ќе му се приближите на нашиот небесен Татко, Јехова, ако ја прочитате оваа книга. Поделена е на четири делови со наслов „Силен во моќта“, „Ја љуби правдата“, „Мудар со срцето“ и „Бог е љубов“. Првите три поглавја нѐ воведуваат во овие делови, кои се сосредоточуваат на главните особини на Јехова. Оваа книга со 31 поглавје завршува со поглавјето „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“.
Можете да ја нарачате оваа книга со меки корици од 320 страници ако го пополните овој купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Би сакал да добијам примерок од книгата Приближи му се на Јехова
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.