ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/9 стр. 28-30
  • Ново лице за Мајлин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ново лице за Мајлин
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Зошто моето бебе мора толку да страда?‘
  • Темел за надеж
  • Помош од странство
  • Напредок и помош да истраеме
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Разбудете се! 2004
g04 8/9 стр. 28-30

Ново лице за Мајлин

РАСКАЖАЛА МАЈКА Ѝ НА МАЈЛИН

Зошто на мојата прекрасна 11⁠-годишна ќерка Мајлин ѝ требаше ново лице? Дозволете ми да Ви објаснам.

Мајлин ми е втора ќерка. Родена е во Холгин (Куба) на 5 август 1992. Татко ѝ, сестра ѝ и јас бевме многу среќни кога се роди. Но, за кратко време нашата среќа беше поматена. Неколку дена откако се роди, јас добив овча сипаница, а по еден месец се разболе и Мајлин.

Во почетокот не изгледаше дека состојбата е толку сериозна; но болеста се влоши и мораше да ја задржат в болница. Мајлин доби добра медицинска нега, но имунолошкиот систем ѝ беше толку ослабнат што кај неа се појави некаква инфекција. Забележав чудно црвенило на едната страна од нејзиното носе. Докторите утврдија дека се работи за некој редок и многу агресивен вид бактерии.

Иако веднаш ѝ дадоа антибиотици, за неколку дена бактеријата почна да ѝ го уништува лицето. Кога докторите успеаја да ја запрат, Мајлин речиси сосема го изгуби носот, усните и делови од вилицата и брадата. Имаше перфорации и покрај едното око.

Кога ја видовме, мојот сопруг и јас се расплакавме. Како можеше вакво нешто да ѝ се случи на нашата ќеркичка? Неколку дена Мајлин беше на интензивна нега и докторите мислеа дека нема да преживее. Мојот сопруг постојано ми велеше: „Биди спремна на најлошото“. Меѓутоа, кога ќе ја ставев раката во инкубаторот за да го допрам рачето на Мајлин, таа толку цврсто ме фаќаше што знаев дека ќе преживее. Му реков на мојот сопруг: „Нашата ќерка нема да умре. Но, со оглед на нејзината состојба, како ќе изгледа животот на Мајлин?“ Секое утро кога ќе се разбудевме, мислевме дека сето тоа можеби било само лош сон.

Додека бевме во болницата, нашата постара ќерка, Мајделис, која тогаш имаше шест години, остана со моите родители. Нестрпливо чекаше нејзината сестричка да се врати дома. Кога Мајлин замина од дома беше прекрасна „кукла“ со големи сини очи. Но, кога Мајделис повторно ја виде својата сестричка, Мајлин изгледаше страшно.

‚Зошто моето бебе мора толку да страда?‘

Откако лежеше в болница еден и пол месец, Мајлин ја пуштија дома. Не се вративме во нашиот дом во градот затоа што не сакавме никој да ја види. Се изолиравме во една куќичка на село, веднаш до фармата на моите родители.

Во почетокот можев да ѝ давам на Мајлин мајчино млеко во мали количини преку отворот на лицето каде што претходно ѝ беше устата. Таа не можеше да цица. Меѓутоа, кога повредите почнаа да заздравуваат, тој отвор речиси се затвори. Тогаш можев да ѝ давам само течна храна во шише. Кога наполни една годинка, се вративме во Холгин, каде што докторите направија четири операции за да го прошират тој отвор.

Се прашував: ‚Зошто моето бебе мора толку да страда?‘ Одговорот го барав во спиритистички центри и се молев пред иконите. Но, ништо не ме утеши. Болните забелешки на некои роднини и пријатели уште повеќе ме збунија. Некои велеа: „Знае Бог зошто допушта вакви работи“. Други ми велеа: „Тоа сигурно е казна од Бог“. Исто така, многу се грижев за тоа што ќе ѝ кажам на Мајлин кога ќе порасне. Еднаш, додека уште беше малечка, Мајлин го праша татка си: „Зошто немам нос како другите?“ Татко ѝ не можеше да одговори и излезе надвор за да плаче. Јас се обидов да ѝ објаснам што се случило. Сѐ уште се сеќава на тоа кога ѝ велев дека некоја бубачка ѝ ги изела носето и устето.

Темел за надеж

Кога ми беше најтешко, се сетив дека мојата сосетка е Јеховин сведок. Ја замолив да ми покаже што вели Библијата, зошто Бог дозволил мојата ќеркичка да страда толку многу. Исто така, ја прашав: „Ако оваа болест навистина е казна од Бог за нешто што сум го направила јас, тогаш зошто мора да плаќа Мајлин?“

Сосетката почна да ја проучува Библијата со мене, користејќи ја книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата.a Малку по малку, почнав да сфаќам дека Бог не е виновен за она што ѝ се случи на Мајлин и дека тој навистина се грижи за нас (Јаков 1:13; 1. Петрово 5:7). Почнав длабоко да ја ценам прекрасната надеж дека под владата на неговото небесно Царство во рацете на Исус Христос повеќе нема да има страдања (Матеј 6:9, 10; Откровение 21:3, 4). Тоа сознание ме зајакна и ме поттикна да присуствувам на христијанските состаноци на Јеховините сведоци. Во почетокот, на мојот сопруг не му се допаѓаше тоа што се заинтересирав за тие духовни работи. Меѓутоа, не ме спречи да ја проучувам Библијата бидејќи тоа ми помагаше да се справам со нашата трагедија.

Помош од странство

Кога Мајлин наполни две години, еден прочуен специјалист за пластична хирургија од Мексико слушна за нејзиниот случај и се понуди бесплатно да ја лекува Мајлин. Првите операции ги направи во 1994. Мајлин и јас останавме во Мексико речиси една година. Во почетокот не успеавме да се поврземе со Јеховините сведоци, па затоа не можевме да присуствуваме на христијанските состаноци. Затоа духовно ослабнав. Тогаш, еден Јеховин сведок од тоа место стапи во контакт со нас и ние почнавме повторно да се дружиме со соверниците колку што можевме почесто. Кога се вратив во Куба, продолжив со библиската студија и духовно закрепнав.

Во тоа време мојот сопруг сѐ уште не се интересираше за Библијата. Во обид да му го разбудам интересот за духовните работи, го замолував да ми чита некои делови од библиските публикации за да ги разберам подобро. Со текот на времето и тој посака да ја проучува Библијата, бидејќи се плашеше дека редовните долги патувања во Мексико би можеле да им наштетат на односите во нашето семејство. Мислеше дека, ако бидеме обединети во духовен поглед, ќе можеме полесно да ги поднесеме периодите кога бевме одвоени. Така и беше. Мојот сопруг, мојата постара ќерка и јас се крстивме како Јеховини сведоци во 1997.

Првите неколку пати кога престојувавме во Мексико, Мајлин спомнуваше дека, ако некоја мала бубачка не ѝ го изедеше лицето, немаше да бидеме одвоени од татко ѝ и сестра ѝ. Ми се кинеше срцето што моравме толку долго да се одвоиме од семејството. Меѓутоа, се сеќавам баш на една посета во канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Мексико, наречена Бетел, што многу нѐ охрабри. Мајлин велеше дека не сака пак да ја оперираат — по петти пат за време на тој престој таму — бидејќи постоперативниот период беше многу болен. Но, некои Сведоци што служеа во канцеларијата на подружницата ѝ рекоа дека, ако биде храбра и им дозволи на докторите да ја оперираат, ќе направат забава за неа кога ќе излезе од болница. Така, таа се согласи да оди на операција.

Сега Мајлин нека ги опише сама своите чувства: „Бев возбудена од помислата дека ќе има забава во Бетел. Затоа бев многу храбра за време на операцијата. Забавата беше супер, имаше многу духовни браќа и сестри. Ми дадоа многу картички и сѐ уште си ги чувам. Охрабрувањето што го добив ми даде сила да ги издржам следните операции“.

Напредок и помош да истраеме

Мајлин, која сега има 11 години, имаше 20 операции за реконструкција на лицето. Иако тие интервенции многу ѝ помогнаа, сѐ уште не може потполно да ја отвори устата. Меѓутоа, отсекогаш беше храбра и позитивна. Исто така, покажуваше големо ценење за духовните работи. Кога имаше шест години се запиша во Теократската школа за служба во нашето локално собрание, а се крсти на 27 април 2003. Едно време водеше дури и три библиски студии. Еднаш, додека бевме во Мексико, разговараше со еден господин што се согласи да ја проучува Библијата со неа. Мајлин го покани на Меморијалот на Христовата смрт и на другите собраниски состаноци, кои тој ги посети со голем интерес.

Кога Мајлин проповеда од куќа до куќа, некои луѓе ја гледаат в лице и ја прашуваат да не се изгорела. Мајлин ја користи таа прилика да им ја пренесе библиската надеж дека Јехова ќе ѝ даде ново лице во претстојниот Рај (Лука 23:43).

Не може да се опише колкава болка доживува Мајлин поради операциите и исмејувањето од другите деца. Што ѝ помага да го поднесе сето тоа? Мајлин со увереност одговара: „Јехова ми е многу реален. Тој ми дава сила и храброст да издржам. Не сакам повеќе да одам на операции затоа што докторите не можат да направат многу за мене сега. Никогаш нема да можат да направат да бидам таква каква што сум се родила. Но, знам дека Јехова ќе ми даде ново лице во новиот свет и дека повторно ќе бидам убава“.

[Фуснота]

a Издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 26]

„Јехова ќе ми даде ново лице во новиот свет“

[Истакната мисла на страница 30]

Малку по малку, почнав да сфаќам дека Бог не е виновен

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели