„Многу ме промени“
Така напишало едно 12-годишно дете од Вирџинија (САД) за новата книга Учи од Големиот Учител. Детето рекло дека од таа книга научило некои работи што не ги знаело и никогаш порано ги немало чуено. Тоа објаснило:
„Книгата Учи од Големиот Учител ме научи секогаш да го сакам Бог, да им зборувам на сите за него и да разговарам со него во молитва. Исто така, ме научи да барам помош и заштита од Бог. Научив дека секој што го сака Бог и што го прави она што Тој го заповеда, ќе живее во Рај.
Книгава многу ме промени. Порано многу лажев, но кога почнав да ја читам оваа книга, престанав да лажам. Она што го научив од неа роди во мене желба да читам уште вакви книги. Затоа, би сакал да читам и да учам уште за Бог“.
Веројатно и Вие ќе го мислите истото откако ќе ја прочитате оваа прекрасно илустрирана книга од 256 страници, со формат како ова списание. Можеби и Вие со уживање ќе ги прочитате поглавјата како што се: „Исус нѐ учи да се молиме“, „Поука да бидеме љубезни“, „Како да бидеме среќни“ и „Зошто не треба да лажеме“. Можете да нарачате еден примерок ако го пополните овој купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Учи од Големиот Учител.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.
[Слика на страница 32]
Поука за лажењето