ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/1 стр. 32
  • Токму она што им треба на младите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Токму она што им треба на младите
  • Разбудете се! 2005
Разбудете се! 2005
g05 8/1 стр. 32

Токму она што им треба на младите

Со години, и помлади и постари читатели изјавуваат дека книгата Младите прашуваат — делотворни одговори го содржи токму она што младите треба да го знаат. Една девојка од државата Синалоа (Мексико), која е на средна тинејџерска возраст, побарала десет примероци од оваа книга за да им ги даде на некои од своите пријатели. Иако самата не е Јеховин сведок, таа рекла дека книгата навистина ѝ се допаѓа, и објаснила: „Многу ве ценам вас [Јеховините сведоци]“.

Таа забележува: „Многу мои пријатели имаат еден куп прашања во врска со својот живот. Им ја покажав книгата и многу им се допадна. Книгата е одлична. Во неа има сѐ што еден млад човек би сакал да знае“. Таа замолила, ако може, книгите да ѝ бидат испратени пред да почне летниот распуст.

Книгата Младите прашуваат има 39 поглавја. Некои од нив се: „Како можам да постигнам родителите да ми дадат поголема слобода?“, „Како можам да стекнам вистински пријатели?“, „Што е со предбрачниот секс?“ и „Како да знам дали е тоа вистинска љубов?“ Можете да нарачате примерок од оваа книга од 320 страници така што ќе го пополните овој купон и ќе го испратите на адресата што е приложена подолу или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Младите прашуваат — делотворни одговори.

□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели