ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/11 стр. 16-18
  • Една утока во Европа со видливи разлики

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една утока во Европа со видливи разлики
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Идеално прибежиште за животинскиот свет
  • Екосистем што вреди да се заштити
  • Река што тече обратно
    Разбудете се! 2008
  • Риболовот од птичја перспектива
    Разбудете се! 2011
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Величествениот Меконг
    Разбудете се! 2006
Разбудете се! 2005
g05 8/11 стр. 16-18

Една утока во Европа со видливи разлики

Од дописникот на Разбудете се! во Романија

Реката Дунав извира во Шварцвалд (Германија). Како разигран поток, брзо се движи кон исток низ Австрија и долж границата со Словачка. Како силна река, тече кон југ во Унгарија па по границата меѓу Хрватска и Србија и Црна Гора. Потоа забавува и се раширува додека се извива долж бугарската граница пред да сврти на север кон Романија. На крајот, тече покрај украинската граница.

Полна со кал и носејќи голема количина вода од околу 300 притоки, реката конечно се разгранува во прекрасна утока на бреговите на Црното Море. Во близина на градот Тулча во југоисточна Романија, трите притоки на Дунав — Килија, Сулина и Св.Ѓорѓе — ги формираат главните речни корита што се влеваат во Црното Море.

Додека овие три притоки на Дунав се движат низ утоката, се разгрануваат на голем број мали рекички што се влеваат во многу мочуришта и езера. Талогот од реката се меша со песокот од морето и создава големи песочни насипи и островчиња. Некои песочни ридови, како песочните насипи на Караорман, се високи и до 6 метри и личат на пустини.

Но, утоката на Дунав не е само предел со песок и кал што постојано се придвижува. Утоката покрива површина од околу 4.300 квадратни километри, со што претставува најголемо мочуриште во Европа. Освен тоа, утоката веројатно е најголемата трскара во светот, која зафаќа површина од 1.700 квадратни километри.

На неколкуте песочни насипи има импресивни шуми со брест, даб и евла. Борејќи се за сончева светлина, по овие дрвја се извиваат разни видови дива лоза, бршлени и други растенија. На некој начин, оваа утока претставува огромен органски филтер што служи како најголем систем за прочистување на водите во Европа.

Идеално прибежиште за животинскиот свет

Милиони птици од преку 300 видови се собираат во овој птичји рај. Околу половина од сите бели пеликани во светот и над 60 проценти од пигмејските корморани во светот се парат долж утоката на Дунав. Исто така, речиси сите црвеногради гуски во светот — кои се загрозен вид — ја поминуваат зимата овде. Во март, пеликаните ги градат своите гнезда и ги полагаат своите јајца на изолирани пловечки островчиња од трска. Кога ќе дојде есента, заминуваат кон утоката на Нил, кон Грција и кон азискиот брег, сѐ до Индија.

Птиците повторно се враќаат на утоката на Дунав, не само затоа што таа е идеално живеалиште, туку и за да ловат риби. Преку 90 видови риба живеат во речните корита на утоката. Всушност, половина од сите слатководни риби што се јадат во Романија доаѓаат од утоката на Дунав. Меѓу најпознатите риби е есетрата, која доаѓа во Дунав во сезоната на парење за тука да ги положи своите јајца. Овие јајца, познати и како кавијар, се многу ценет и скап деликатес.

Само мал дел е суво копно — само 13 проценти од регионот на утоката се издига над водата. Овде се хранат волци, лисици, зајаци и визони. Во оваа утока живеат и загрозени видови како што се слатководната видра и европската ласица — која некогаш им била омилена на отмените дами. Покрај тоа, низ оваа водна земја на чудата зујат и лазат над 1.800 видови инсекти.

Екосистем што вреди да се заштити

Во 1991 година, утоката на Дунав беше ставена на листата на Светското наследство. Следната година доби меѓународно признание како резерват на растителен и животински свет. Со резерватот грижливо управува градот Тулча. Риболовот законски се контролира, иако рибокрадците и понатаму се вистинска закана.

И покрај тоа, зачувувањето на утоката е оставено на милоста и немилоста на градовите и индустриските центри кои испуштаат отпадни материи во Дунав, долж целото негово патување од 2.850 километри до морето. Порано, водата во долниот тек на Дунав, пред да влезе во утоката, се прочистуваше низ големи тревни површини. Сега, речиси четири петтини од тие тревни површини ги нема.

Денес, пред да се влее во Црното Море, утоката се проширува за 30 метри годишно. Како што го прави тоа веќе со илјадници години наназад, Дунав и понатаму го изградува, го обновува и го освежува овој предел со впечатливи разлики.

[Карти на страница 16]

(Види во публикацијата)

УКРАИНА

МОЛДАВИЈА

РОМАНИЈА

Букурешт

Утоката на Дунав

ЦРНО МОРЕ

Дунав

БУГАРИЈА

[Слика на страница 16]

Трскарата на утоката, која е најголема во светот, е прибежиште на најразличен животински и растителен свет

[Слика на страница 16]

Визон

[Слики на страница 17]

Околу половина од сите пеликани во светот се парат овде

[Слика на страница 18]

Во овој птичји рај доаѓаат преку 300 видови птици, меѓу кои и водомарите

[Слики на страница 18]

На утоката на Дунав има над 1.800 видови инсекти

[Извор на слика на страница 16]

Сите фогографии: Silviu Matei

[Извор на слика на страница 17]

Сите фогографии: Silviu Matei

[Извор на слика на страница 18]

Сите фогографии: Silviu Matei

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели