Утеха во време на еден потресен настан
Долорес Гомез, Јеховин сведок од едно мало гратче во близината на Барселона (Шпанија), имала 44 години кога докторот ѝ рекол дека има тумор на мозокот. Ѝ кажал дека ќе живее уште најмногу осум месеци. Нејзините соверници ѝ покажале голема љубов. Последните денови пред да умре, нејзините роднини, кои не се Сведоци, дошле од различни делови на Шпанија.
Локалните Сведоци се погрижиле за нив и им обезбедиле сместување, храна, превоз и сѐ друго што им требало. Непоколебливата вера и достоинството на Долорес сѐ до самата смрт, заедно со гостопримството на локалните Сведоци, длабоко ги трогнале нејзините роднини. Во едно писмо, вака ги изразиле своите чувства:
„Ова писмо е упатено до една група мажи и жени кои не проповедаат само со зборови за љубов кон ближните туку и на дело ги покажуваат своите благородни чувства, од сѐ срце. Ние можевме да го почувствуваме тоа во еден необично значаен период од нашиот живот — смртоносната болест на нашата сестра Лоли [Долорес].
Затоа, сите ние (нејзините роднини од далечни делови на Шпанија), кои ја делиме болката поради големата загуба, сакаме да ги изразиме нашите најдлабоки чувства на благодарност и љубов кон сите вас што бевте со неа во сите нејзини радости и таги, во сите нејзини успеси и болки, сѐ до последниот момент на нејзиниот живот овде на Земјата.
Исто така, сакаме да ви кажеме дека искусивме еден од најголемите примери на љубов и единство. Повторно им се враќаме на нашите домови и на нашите семејства и обврски, но нема да бидеме истите, зашто врз нас засекогаш остави траг силата на љубовта што гореше во нашата сестра Лоли и која гори во вас, а тоа нѐ зајакнува да продолжиме со животот во секој нов ден.
Се збогуваме со вас со топла љубов и со најдлабоко чувство на благодарност. До нашето следно видување, драги пријатели, а дотогаш Јехова нека ве опсипува со среќа.“
Потпишано од семејството и браќата и сестрите на Долорес Гомез
[Слики на страница 31]
Некои од локалните Сведоци