ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/06 стр. 5
  • Посветла иднина?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Посветла иднина?
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Колку време ѝ останува на планетата Земја?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Верата и твојата иднина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Вистинска надеж за подобро утре
    Разно
  • Земја без страдање
    Дали Бог се грижи за нас?
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 1/06 стр. 5

Посветла иднина?

Сите ние сме многу заинтересирани за иднината. Кој не сака да знае што ќе прави по еден месец, по една година, па дури и по една деценија? Гледано пошироко, кој не е заинтересиран каков ќе биде светот за 10, 20 или 30 години?

ДАЛИ сте оптимист во поглед на иднината? Милиони луѓе се оптимисти. Сепак, и нив можеме да ги поделиме во две групи: оние што тврдат дека имаат цврста основа да веруваат дека ќе биде подобро и оние што се оптимисти само затоа што сѐ друго им се чини премногу мрачно.

Се разбира, има и такви што не гледаат ништо добро на повидок. Меѓу нив спаѓаат оние што предвидуваат мрачна иднина и кои изгледа со задоволство објавуваат апокалиптично уништување на Земјата. Според нив, многу малку луѓе, ако и воопшто има такви, ќе ја дочекаат иднината.

Како Вие ја замислувате иднината? Дали за Вас таа е мрачна и кобна или, пак, носи мир и безбедност? Ако очекувате мир и безбедност, на што се темели Вашата надеж — на пуста желба или на цврсти докази?

За разлика од оние што предвидуваат мрачна иднина, издавачите на Разбудете се! не мислат дека човештвото е на работ на уништувањето. Напротив, Библијата дава добра причина да веруваме дека пред нас е најубавото време.

[Извор на слика на страница 5]

U.S. Department of Energy photograph ▸

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели