ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/06 стр. 32
  • Кога ќе умре дете

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога ќе умре дете
  • Разбудете се! 2006
Разбудете се! 2006
g 1/06 стр. 32

Кога ќе умре дете

◼ Смртта на едно дете е многу болна за оние што се живи, а особено за родителите. Една мајка, чиј 16-годишен син изгорел во една трагична сообраќајна несреќа, со болка вели: „Бог не ни дава да умреме наместо нашите деца ниту, пак, да умреме заедно со нив“.

Сепак, оваа мајка не ја изгубила надежта. Таа вели: „Бог ни ја кажал вистината за смртта, и тоа ни помага мене и на маж ми да не станеме огорчени или да ни се помати разумот“. Свесна е дека „нашиот Бог не му го направи тоа на синот, и тој има намера да ги воскресне умрените за да живеат во рај овде на земјата. Во мислите веќе можеме да го видиме нашиот син жив и здрав, среќен што е повторно со своите другари и семејството“.

Сепак, дури и оние што се потполно уверени дека Бог ќе го исполни своето ветување да ги воскресне мртвите, имаат потреба од утеха, каква што добила оваа благодарна мајка од многу пријатели. Таа кажува: „Многу мисли од Светото писмо што ги чувме и многу љубезни постапки беа резултат на она што е запишано во брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. Самите ги замоливме сите наши блиски да ја читаат за да можат подобро да нѐ разберат, и нас и болката со која ќе продолжиме да живееме“.

Можеби и Вас, или некого што го познавате, ќе Ве утеши она што го пишува во брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. Можете да ја добиете ако го пополните купонот подолу и ако го испратите на адресата што е напишана на него или на некоја од адресите што се дадени на 5. страница.

□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш.

□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели