ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/06 стр. 16-17
  • Одлетаа!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одлетаа!
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Инстинкт — мудрост програмирана пред раѓањето
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Да се подига бебе во дивината
    Разбудете се! 2001
Разбудете се! 2006
g 1/06 стр. 16-17

Одлетаа!

СЕ СМРАЧУВАШЕ, а есенскиот воздух беше свеж. Наеднаш тивкиот спокој го наруши бучно гакање на јато гуски. За миг се најдоа над нашите глави — околу 20 гуски кои со елегантен, силен замав на крилјата летаа во формација што личеше на врв од стрела. Една гуска грациозно сврте налево и одлета на крајот од групата. Оваа прекрасна глетка ми ја разбуди љубопитноста. Зошто гуските летаат во формација? Каде одат?

Гуските се водни птици кои се сродни на патките и на лебедите. Во светот има околу 40 видови гуски, а најчесто се среќаваат во Азија, Европа и Северна Америка. Еден од најпознатите видови е канадската гуска, која има долг темен врат и бела шара околу грлото. Возрасните мажјаци од видот што се нарекува гигантски канадски гуски може да достигне тежина до 8 килограми, а распонот на крилјата му е 2 метра. Оваа гуска лета на север дури до Алјаска и северна Канада и таму ги минува летата, а на зиме се сели на југ во Мексико.

За гуските е многу важно да го погодат исправното време за преселба. Ако одлетаат прерано на север, водата сѐ уште е замрзната и има слаба вегетација. Затоа, обично се ориентираат по температурата — како расте температурата така и канадските гуски летаат сѐ понасевер. Кога ќе пристигнат на своето одредиште, се одвојуваат во парови и потоа секој пар си прави свое место за парење.

Летањето во формација им овозможува на гуските да ги имаат пред очи другите гуски и да можат веднаш да реагираат кога птицата што лета на чело ќе го смени правецот, брзината или висината. Освен тоа, некои стручњаци сметаат дека воздушните струења што ги создаваат гуските кои летаат напред им го олеснуваат летањето на другите во јатото, бидејќи се намалува воздушната турбуленција. Како и да е, изгледа дека едно јато што се сели обично се состои од повеќе семејства при што возрасните птици се менуваат во предводењето.

Канадските гуски честопати го користат истото гнездо секоја година. Гнездото обично е направено од едноставни материјали, како на пример, гранчиња, трева и мов. Гуските се моногамни, т.е. имаат само еден партнер во животот. Ако партнерот умре, гуската можеби ќе си најде друг, но најчесто останува сама.

Женката снесува од четири до осум јајца, на кои лежи околу 28 дена. Родителите се заштитници кои можат да бидат многу опасни. Кога тие или нивните пилиња се во опасност, гуските стануваат многу агресивни. Со своите крилја можат да им нанесат силни удари на грабливците.

Гувчињата почнуваат да комуницираат уште додека се во јајцето. Тие испуштаат различни звуци, од пискливо црцорење (што означува задоволство) до вознемирено крескање. И возрасните птици комуницираат со своите малечки а и една со друга со различни крици. Всушност, истражувачите откриле дека кај канадските гуски постојат најмалку 13 различни крици.

Гуските се навистина „природно . . . мудри“ (Пословици 30:24, NW). Се разбира, заслугата за тоа му припаѓа на Јехова Бог, оној што создал сѐ живо — па и крилестите небесни суштества (Псалм 104:24).

[Рамка/слики на страница 17]

Дали сте знаеле?

● Веднаш штом ќе се испилат, гувчињата засекогаш го напуштаат гнездото заедно со мама и тато. Семејствата обично остануваат заедно.

● Се вели дека, кога индиските гуски се селат, летаат над Монт Еверест, кој е висок речиси 8.900 метри.

● Некои видови гуски можат да летаат без прекин и по 1.600 километри.

● Кога гуските што се движат во формација летаат со брзина слична на брзината со која би летала една гуска кога е сама, поретко замавнуваат со крилјата и затоа им се намалува отчукувањето на срцето.

[Извор на слика]

Горе лево: U.S. Fish & Wildlife Service, Washington, D.C./Duane C. Anderson

[Извор на слика на страница 16]

Гуски во лет: © Tom Brakefield/CORBIS

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели