Помош за да ги заштитиме децата
Минатата година, една жена од Вирџинија (САД) прати писмо со благодарност за книгата Учи од Големиот Учител, во кое напиша: „Пред да си легнат, внуците ми велат: ‚Бабо, прочитај ни една приказна од книгата за Исус‘. Тие имаат 4, 6 и 7 години и многу ги сакаат приказните“.
Оваа баба објаснува: „Го прочитав 32. поглавје со наслов ‚Како Исус бил заштитен‘. Бев воодушевена! Откако зборува за тоа како Јехова го заштитил Исус, ова поглавје им помага и на децата да се заштитат така што им дава практични совети. Во него се вели: ‚Ако некој проба да го направи тоа, викни одлучно со силен глас: „Немој! Ќе те кажам!“‘“
Во Мексико, една мајка на петгодишна ќеркичка по име Бетсаида, вели дека веќе по вторпат ја поминуваат книгата Учи од Големиот Учител. Мајката вели: „Светот станува сѐ порасипан и децата наидуваат на сѐ повеќе притисоци. Ќерка ми вели дека е благодарна за поуките како да се заштити од лошите влијанија како, на пример, оние за кои станува збор во 32. поглавје“.
Оваа убава книга од 256 страници во која има прекрасни слики, многу им помага на родителите да ги слушаат библиските упатства во воспитувањето на своите деца (Пословици 22:6). Поуките кои се темелат на учењата на Исус Христос се изнесени на едноставен начин, а сепак, материјалот одговара за лица на различна возраст. Можете да нарачате примерок од оваа книга ако го пополните купонот подолу и ако го испратите на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата Учи од Големиот Учител.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.