ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 4/06 стр. 14-16
  • Еден ден во Чернобил

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еден ден во Чернобил
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Тмурен одмор
  • Време за размислување
  • Нуклеарната закана — дали конечно ѝ дојде крајот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Содржина
    Разбудете се! 2006
  • Радиоактивен отпад — причина за загриженост
    Разбудете се! 2001
  • Нуклеарна војна — кој претставува закана?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 4/06 стр. 14-16

Еден ден во Чернобил

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО УКРАИНА

Несреќата што се случи пред 20 години во нуклеарната централа во Чернобил беше нешто дотогаш невидено. На 26 април 1986 година, дојде до катастрофално топење на јадрото на еден од четирите реактори. По повеќето катастрофи — природни или предизвикани од човек — подрачјето може да се расчисти и да се обнови. Но, оваа несреќа остави зад себе загадување со долгорочни штетни последици.

ВО ПОСЛЕДНИВЕ неколку години, на 9 мај, поранешните жители на градовите во близина на местото на несреќата — понекогаш заедно со пријатели и роднини — одат до напуштените куќи што некогаш им биле домови. Одвреме-навреме доаѓаат за погреби. Доаѓаат и научници за да ги проучуваат последиците од радијацијата. Освен тоа, украинските туристички агенции од неодамна нудат еднодневно разгледување на околината со водич.

Во јуни 2005 година, во една статија на насловната страница на весникот The New York Times беше кажано дека има кратки „обиколки со водич“ низ Припет и дека „нема никаква опасност за здравјето“.a Припет — град со околу 45.000 жители, кој се наоѓа отприлика на три километри од реакторите — беше основан во 1970-тите години. Но, по нуклеарната несреќа беше напуштен, како и многу други градови. Тогаш, поради радиоактивноста, беше забранет пристапот до тие места. До несреќата, Ана и Виктор Рудник живееле во Припет околу една година.b

Многу помалото гратче Чернобил (така се викаше и нуклеарната централа) е на околу 15 километри од реакторите. На поранешните жители веќе неколку години им е дозволено еднаш годишно да доаѓаат во градот. Бидејќи Чернобил е родното место на семејството Рудник, и тие секоја година го посетуваат ова гратче. Да ви раскажеме како поминавме јас и жена ми кога пред неколку години отидовме со нив во Чернобил.

Тмурен одмор

Тргнавме од Киев, главниот град на Украина, по автопатот што оди на север. Поминавме низ мали гратчиња со куќички поредени покрај патот. Дворовите беа украсени со лалиња и луѓето си подработуваа во бавчите. Меѓу градовите имаше полиња со пченка, пченица и сончогледи распослани до кај што ти стига погледот.

Но, одеднаш како да поминавме некоја невидлива граница. Ниеден патоказ не покажуваше дека нешто се сменило, но можевме да го почувствуваме тоа. Грозоморна тишина ги обвиваше градовите низ кои минувавме по патот. Куќите се распаѓаа, прозорците беа испокршени, а вратите заклучени со катанци. Дворовите и бавчите беа обраснати со плевел.

Влеговме во забранетата зона — околу 30 километри од реакторите. „Градовите во оваа зона имаат високо ниво на радијација“, ни кажа Ана. „Преку 150.000 луѓе од многу градови и села во оваа област беа преселени во нови домови низ целиот поранешен Советски Сојуз.“

Потоа стигнавме до една друга зона, која беше одделена од останатиот свет со висока ограда од бодликава жица. Во близина имаше една дрвена куќичка, слична на патарина, од која стражарите го набљудуваа сообраќајот. Еден стражар ни ги провери пасошите, го запиша регистарскиот број на возилото и потоа ја отвори капијата.

Влеговме во забранетата зона. Над патот имаше свод од дрвја со млади, зелени лисја. Тлото на шумата беше прекриено со густи жбунови. Ова воопшто не личеше на она што си го замислував — изгорени дрвја и исушени грмушки. Пред нас, на еден бел знак од цигли со сини букви беше напишано „Чернобил“.

На влезот на Чернобил имаше една продавница. Мајка му на Виктор порано работела таму. Еден избледен знак на кој стоеше работното време сѐ уште висеше на правливиот, замачкан прозорец. Во близина на градскиот парк беше Домот на културата. Ана се присети како, со другите жители на градот, уживала таму во разните претстави. Тука беше и киното „Украина“, каде што децата некогаш бегале од горештината за да ги гледаат најновите филмови во пријатна ладовина. Од темната кино-сала веќе одамна не се слуша смеа. Ана и Виктор нѐ однесоа до нивната куќа, која не беше далеку од центарот. Обраснатите дрвја го затвораа пристапот до вратата, па моравме еден по еден да се пробиеме низ високиот плевел до задната врата, која личеше на една назабена дупка во ѕидот.

А внатре — тотален пустош. Врз ’рѓосаните жици на еден железен кревет натежнуваше мувлосан душек. Искинатите тапети висеа како валкани мразулци. Ана се наведна да дофати една стара фотографија од ѓубрето што беше расфрлано по собата. „Секогаш сакав да се вратам и да најдам сѐ како што оставивме“, вели таа со тажен глас. „Многу ме боли кога гледам дека нашиот дом е претворен во ѓубриште и дека работите ни се испокрадени!“

Излеговме од домот на семејството Рудник и тргнавме по улицата. На еден агол имаше група луѓе кои живо разговараа за нешто. Пешачевме половина километар до местото каде што завршува патот — еден парк на стрмна удолница од која се гледа мирниот тек на реката. Белите цветови на костените се лелееја на ветрето. Во 1986 година, на скалите што водат удолу кон кејот, стотици луѓе чекаа за да бидат евакуирани со чамци.

Минатата година, семејството Рудник за првпат го посети својот поранешен дом во Припет. Го напуштија тој град пред 19 години, веднаш по несреќата во нуклеарната централа.

Време за размислување

Во текот на април 2006 година, 20-годишнината од нуклеарната катастрофа се одбележува со разни свечености. За многу луѓе тие свечености се сериозно потсетување дека човекот — колку и да се труди — не е способен успешно да управува со Земјата без водство од Бог (Еремија 10:23).

Минатиот септември беа објавени резултатите од научниот извештај со кој повторно беше направена проценка на трагедијата. Во извештајот, издаден од Обединетите нации, беше кажано дека во самата несреќа загинале 56 луѓе, а се предвидува дека само 4.000 лица ќе умрат како директна последица од радијацијата. Претходно се предвидуваше дека бројот на жртвите ќе биде помеѓу 15.000 и 30.000. Во уводната статија од New York Times од 8 септември 2005 година, беше кажано дека ‚неколку еколошки групи го сметале извештајот на ОН за пристрасен обид да се прикријат можните опасности од нуклеарната енергија‘.

Виктор, кој го запознал својот Творец, Јехова Бог, по несреќата, рече: „Сега не сме потиштени зашто знаеме дека кога ќе дојде Божјето Царство, никогаш повеќе нема да има вакви ужасни несреќи. Со радост го чекаме времето кога природата околу нашиот драг дом во Чернобил ќе биде обновена и ќе биде дел од еден прекрасен рај“.

По катастрофата во Чернобил, милиони луѓе цврсто се увериле во вистинитоста на ветувањето од Библијата дека првобитниот рај ќе биде обновен и ќе се простира по целата Земја (Битие 2:8, 9; Откровение 21:3, 4). Во изминативе 20 години, само во Украина преку 100.000 луѓе со радост ја прифатиле таа надеж. Се надеваме дека и ти ќе бидеш поттикнат да размислиш за светлата иднина што им е ветена на оние кои сакаат да ги дознаат Божјите намери.

[Фусноти]

a Иако разни извори тврдат дека таквите кратки посети се безбедни, Разбудете се! не е ниту за ниту против какви и да било планови за патување во таа област.

b Види го српското издание на Разбудете се! од 22 април 1997 година, страници 12-15.

[Рамка/слика на страница 16]

Споменик на ликвидаторите

Овој голем споменик е подигнат во чест на работниците што расчистуваа по несреќата во Чернобил, а станаа познати како ликвидатори. Тие го згаснаа пожарот, ја закопаа нуклеарната централа која сѐ уште тлееше и ја деконтаминираа областа. Бројот на овие работници беше стотици илјади. Се предвидува дека околу 4.000 луѓе ќе умрат како директна последица од несреќата и дека повеќето од нив ќе бидат токму од овие работници.

[Слики на страница 15]

Знакот на градот Чернобил, и киното во Чернобил

[Слики на страница 15]

Семејството Рудник и нивниот дом во Чернобил

[Слики на страница 16]

Нуклеарната централа каде што се случи несреќата, на околу три километри од станот на семејството Рудник во Припет (вметната фотографија)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели